Свет
Филипините го разгледуваат безбедносниот договор со САД по случајот на силување

Филипинскиот претседател Бенињо Акино нареди ревизија на безбедносниот договор со САД, за да не се повтори случајот со американскиот маринец осуден за силување, кој се спаси од затворската казна, пренесува Reuters
Надлежните служби добиле наредба да ги ревидираат кривичните и законските одредби од Договорот за странски сили, кој и овозможува на армијата на САД да престојува на Филипините за обуки и вежби.Дипломатските односи помеѓу Филипините и САД се затегнаа во 2007 година, откако еден маринец беше осуден за силување на Филипинка, а САД посочија дека, според одредбите на договорот, тој треба да биде под американска јурисдикција, а не во филипински затвор.Тоа поттикна барања од пратениците и активистите на Филипините за прекин на договорот, а срамот на Манила беше уште поголем кога во 2009 година филипинскиот суд ја поништи пресудата и го ослободи маринецот, кој до тогаш беше држен во американската амбасада.„Не сакаме тоа повторно да ни се случи. Затоа, кој и да сте и од каде и да доаѓате, ако извршите злосторство вие сте подложни на законот на таа земја и тука нема исклучоци“, изјави Извршниот секретар на претседателот, Пакито Очоа.Договорот за странски сили беше потпишан во 1998 година, шест години по истекувањето на договорот кој дозволуваше американски бази во земјата, како исклучок на филипинскиот Устав кој забранува странска војска во оваа островска држава.Филипините се еден од најдолготрајните безбедносни партнери на САД, заедно со Јапонија, Јужна Кореја, Сингапур и Австралија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
САД на опасна крстосница по убиството на Чарли Кирк

Бруталниот случај на убиството на Чарли Кирк го доведе американското општество на „опасна крстосница“, оценува дописничката на Би-би-си, која предупредува дека подлабокото политичко расцепкување и порастот на насилството тешко ќе се надминат.
Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, повика на затоплување на тонот и помирување, но многумина соговорници на Би-Би-Си сметаат дека тоа е малку веројатно во блиска иднина.
Анализата посочува дека современиот политички систем и економските и медиумските стимули наградуваат екстремни реторики кои го подгреваат бесот, додека социјалните мрежи дополнително ги радикализираат пораките и го убрзуваат расцепот. Историски примери од претходни децении покажуваат дека САД и порано минувале низ периоди на политичко насилство, но отсуството на „заеднички наратив“ денес го прави помирувањето потешко.
Реакциите по убиството беа поделени: додека некои бараат истрага за радикализацијата на напаѓачот онлајн, други тргнуваат кон теории на заговор и обвинувања. Доналд Трамп ја искористи ситуацијата за критики кон „радикалната левица“, што според анализата само ја продлабочува поларизацијата. Авторите на текстот заклучуваат дека за да се прекине циклусот би бил потребен силен лидер посветен на помирување — но таков лидер дури и не се назира, додека политичките поттикнувачи остануваат непроменети.
Свет
(Видео) Хаос и судири: Илјадници на улиците, Франција блокирана од протести

Ширум Франција денеска се одржува масовен меѓусиндикален штрајк, со протести на над 250 локации и учество на стотици илјади граѓани. Властите проценуваат дека на улиците би можеле да излезат меѓу 600.000 и 900.000 луѓе.
Штрајкот предизвика сериозни прекини во сообраќајот, здравството и образованието. Блокирани се десетици училишта, а во Лион и Нант дојде до судири меѓу полицијата и демонстрантите, при што беа повредени новинар, полицаец и демонстрант. Полицијата користела солзавец, а до пладне беа уапсени 94 лица, од кои 15 во Париз.
Rassemblement et manifestation gigantesque à #Nantes.
« Bayrou, Lecornu, Macron,
on n’en veut plus ! »« Ni soldat, ni rafales,
des bras, des lits, pour l’Hôpital public ! »Meeting international #ContreLaGuerre au Dôme de Paris le 5 octobre pic.twitter.com/wceJVEV5YU
— Hélène Macon 🐢 (@HeleneMacon) September 18, 2025
Причина за протестите е нацрт-буџетот за 2026 година, кој предвидува значителни кратења на јавните трошоци и реформи во пензискиот систем. Владата тврди дека мерките се неопходни за намалување на јавниот долг, додека синдикатите ги нарекуваат „удар врз социјалните права“ и предупредуваат дека ќе ја погодат најмногу сиромашната и средната класа.
Grève du 18 septembre: le lycée Maurice-Ravel à Paris bloqué par les élèves pic.twitter.com/7H9ZB1RC09
— BFMTV (@BFMTV) September 18, 2025
Франција се соочува со намален кредитен рејтинг и барања од Брисел за враќање на буџетскиот дефицит во дозволени рамки. Според синдикатите, земјата доживува најголема социјална нееднаквост од 1970 година.
Свет
(Видео) Негодувања по говорот на Трамп на кралската вечера

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се најде во центар на вниманието поради говорот што го одржа на свечената државна вечера во замокот Виндзор, како дел од неговата официјална посета на Обединетото Кралство. Дел од јавноста неговите изјави ги оцени како несоодветни, а на социјалните мрежи беше наречен „национална срамота“.
Трамп изјави дека е „првиот американски претседател кој бил пречекан“ на овој начин, додавајќи дека „можеби ќе биде и последен“, што предизвика бурни реакции. На платформата X граѓани коментираа дека говорот бил „мешавина од самофалење и збунувачки изрази“ и го нарекоа „срамотен момент“.
Trump: It is a privilege to be the first American president welcomed here. And if you think about it, a lot of presidents and this was this was the second state visit and that is the first. Maybe that is going to be the last time—I hope it is, actually pic.twitter.com/SE9OAg8ZpT
— Acyn (@Acyn) September 17, 2025
Кралот Чарлс, пак, во својот говор ја нагласи силната и трајна врска меѓу САД и Обединетото Кралство, потенцирајќи дека таа има „огромен потенцијал за раст и развој“.
На свеченоста присуствуваа околу 160 гости, меѓу кои премиерот Киер Стармер, извршниот директор на Apple, Тим Кук, и директорот на OpenAI, Сем Алтман.