Свет
Еден убиен и 101 ранети во Тајланд
Едно лице е убиено од огнено оружје за време на денешните насилства во Банког, соопшти вечерва тајландската влада
Едно лице е убиено од огнено оружје за време на денешните насилства во Банког, соопшти вечерва тајландската влада.
Истиот извор наведе дека станува збор за прва жртва на антивладините протести во Тајланд.
Министерот Сахит Вонгнонгтиј наведе дека судирот се случил на пазар меѓу локалното население и стотина антивладини демонстранти.
Службите за итна медицинска помош соопштија за најмалку 101 ранети. /крај/онаса/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најмалку 37 Палестинци загинаа во израелски напади низ Појасот Газа
Најмалку 37 Палестинци загинаа денеска во израелски напади низ Појасот Газа, соопштија палестински медицински претставници.
Официјални лица соопштија дека најмалку 11 жени и деца се убиени денеска во камп во областа Ал-Маваси западно од Кан Јунис во кои се сместени раселените семејства, објави Гардијан.
Во други израелски воздушни напади денеска, најмалку 26 Палестинци беа убиени, вклучувајќи шест во седиштето на Министерството за внатрешни работи во Кан Јунис на југот од енклавата, а останатите во бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Појасот Газа, кампот Шати и кампот Магази во централниот дел на земјата.
Регион
Деветгодишниот Вукан и брат му Јован Вулетиќ се најмладите жртви од масакрот во Цетиње
Деветгодишниот Вукан и неговиот пет години постар брат Јован Вулетиќ се најмладите жртви на масовното убиство во Цетиње што го изврши Ацо Мартиновиќ (45), а најстариот е седумдесетгодишниот Радомир Марковиќ.
Во трагедијата загина и вујкото на момчето – Мирко Вулетиќ (45).
Според полицијата, Мартиновиќ убил четири лица во куќата на роднина во Бајце – Радован и Радмила Мартиновиќ и нивните синови, близнаците Милош и Марко Мартиновиќ. Во куќата на Мартиновиќ тешко ранета е и сопругата на Марко, Марија (38), пишува „Подгорица вјести“.
Регион
Пленковиќ упати сочувство до Црна Гора и САД
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, денеска, во име на владата и од негово име изрази сочувство до Црна Гора и САД во врска со трагедиите во кои загинаа неколку лица.
Пленковиќ рече дека во име на владата и во свое име упатил сочувство до претседателот Јаков Милатовиќ, премиерот Милојко Спајиќ, народот на Црна Гора и до семејствата на жртвите.
Пленковиќ рече дека испратил сочувство и во име на владата и лично до САД за нападот со возило во Њу Орлеанс, каде што загинаа најмалку 15 лица.