Македонија
Облечен како кловн протестира пред суд – од жртва го направиле криминалец

Скопјанецот Зоран Коневски облечен како кловн утрово излезе да протестира против судијката Александра Ристевска и да ја бара правдата пред Основниот суд Скопје 1. Тврди дека од жртва на тепање, го направиле тепач
Скопјанецот Зоран Коневски облечен како кловн утрово излезе да протестира против судијката Александра Ристевска и да ја бара правдата пред Основниот суд Скопје 1. Тврди дека од жртва на тепање, го направиле тепач и криминалец.
Според Коневски, пред четири години во бифето „Хонда“ се скарал со Звонко Матев, чија сестра била судијка. Тој му пратил четворица за да го истепаат него, за по два дена да појде и да пријави дека всушност Коневски му го скршил нему реброто, па Звонко поднел тужба против Зоран.
„Во мојот предмет има голем криминал. Тој што ме тужи има сестра судијка и од прав ме направија крив. Четворица ме испотепаа, во болница бев, има и полициски извештај дека бев тепан. Но предметот е ’превртен’, од четворица што ме тепаа мене, сега излегува дека јас на Звонко Матев сум му скршил ребро и сега ме тужи. Ми бара отштета од 300.000 денари. Во полицискиот извештај си пишува јасно и гласно. Судијката го има отфрлено полицискиот извештај“, вели Крстевски.
Предметот го водела судијката Александра Ристевска, која Крстевски тврди дека го уценувала и му се заканувала, штитејќи ја нејзината колешка. Освен полицискиот извештај, судијката го отфрлила и сведокот, повикани биле сведоци кои не биле на настанот, а отфрлена била и палката со која што Зоран Коневски бил тепан.
„Четири месеци по истекувањето на рокот, вешто е подметнат предметот во обвинителството со обвинител, кој е нивни пријател. Сите мои докази, истражниот судија ги отфрли и го сокри моето лекарско уверение, па мораше да вадам друго. Судијата ги осуди луѓето што ме тепаа со парична казна од 300 евра, а казните никогаш не биле доставени од извршното одделение. Што значи дека Звонко Матев секаде има пријатели или дава мито“ вели Зоран Коневски.
По неколку години поминати низ судските лавиринти, Крстевски излезе да ја бара правдата пред Основниот суд Скопје 1. Зоран преку лето работи во Виена, а останатиот дел од годината го поминува во Скопје. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Марш за Ангелите” во Кочани и мирен протест во Скопје: шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот го загубија 62 млади лица. По тој повод, родителите на починатите организираат „Марш за Ангелите”.
Маршот ќе почне во 15:35 часот од „Паркот на Револуцијата“ и ќе се одвива по веќе востановената маршрута – општинска зграда, УЈП, полиција, кочанскиот суд и обвинителство, а ќе заврши повторно во „Паркот на Револуцијата“.
Од иницијативата „Кој е следен“ повикуваат на мирен собир на плоштадот во Скопје. Собирот е најавен за во 20 часот и 16 минути.
„Ова не беше несреќа. Не беше трагедија. Беше масакр. Свирепо убиство од страна на дисфункционалните институции и партискиот картел. Не смееме да отрпнеме. Болката мора да ја почувствуваме сите заедно. Таа болка треба да не разбесни и да не поттикне на акција. Вистинската борба за живот или смрт е токму борбата за Кочани“, велат организаторите.
Семејствата на загинатите преку „Марш на ангелите“ во Кочани секоја сабота веќе шест месеци бараат одговорност и правда за нивните деца, а протести се организираа и во други градови.
Македонија
Изгаснат е тежок пожар пред Пинтија, под контрола се пожарите во „Дрисла“ и Трубарево, активен е пожарот на Кожуф

Рано утрово пред четири часот изби тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над Стаклара во местото наречено Каменик) во кој имаше повеќе автомобили, уље и други запаливи предмети, информира утрово директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Тој додаде дека БППЗ Скопје веднаш излегле на лице место и со 8 возила после тешка борба со огнот, пожарот бил изгаснат пред 6.00 часот.
Според последните информации од ЦУК до 07:00 часот утрово на територијата на Р.С.Македонија има вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои 1 е активен, под контрола се 2 пожари, а изгаснати се 10 пожари.
Активни: 1
1. Општина Гевгелија: Кожуф планина кај с. Петрово (приземен пожар, лисна маса);
ПОД КОНТРОЛА: 2
1. Општина Студеничани: Депонија Дрисла (ѓубре);
2. Општина Гази Баба: с. Трубарево (електричен отпад);
Изгаснати: 10
1. Општина Пробиштип: нас. Калниште – с. Добрево (висока дабова шума и нискостеблеста вегетација);
2. Општина Кочани: м.в. Царев Врв, Осоговски Планини (ниска вегетација и стрништа);
3. Општина Шуто Оризари: ул. Нов Живот (ѓубре);
4. Општина Гази Баба: ул. Перо Наков (ѓубриште);
5. Општина Студеничани: с. Горна Количани (ниска вегетација);
6. Општина Врапчиште: с. Неготино (ниска вегетација);
7. Општина Долнени: с. Лажани (ниска вегетација);
8. Општина Демир Хисар: Грејшки Пат (ниска вегетација);
9. Општина Куманово: градски гробишта (ниска вегетација);
10. Општина Липково: с. Оризаре (стрниште).
Македонија
Мицкоски треба да одговара за ширење страв и паника, по признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, велат од СДСМ

Панче Тошковски во интервју призна дека нема осомничени дека одреден центар на моќ влијаел да се подметне пожарот во Трубарево и дека нема странски и домашни центри на моќ кои ја палат Македонија. Ова признание на Тошковски e директент демант на изјавите на Мицкоски, велат од СДСМ.
„Дополнително, признанието на Тошковски е потврда дека Христијан Мицкоски ги злоупотребил институциите и безбедносната состојба со цел да ја покрие сопствената неспособност.
Ова е потврда и дека Мицкоски без основа ширел страв и паника во јавноста.
По ова признание на Тошковски, Христијан Мицкоски треба да одговара за предизвикување страв и ширење паника во јавноста без да се базираат на било какви факти и докази.
Ваква злоупотреба на безбедносната состојба само за да си го спасува рејтингот ниеден премиер не се осмелил да прави“.
Оваа влада и овој премиер, оценуваат во СДСМ, се опасност по граѓаните, по нивниот живот, по здравјето, но се опасност и по институциите кои ги множат со нула и по државата во целина.