Свет
Водачот на Ал Каеда во Пакистан убиен во американски ракетен напад
Оперативниот водач на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда во Пакистан, Бадор Мансор е убиен во четврток во ракетен напад на американско беспилотно летало во северозападниот дел од земјата, пренесува AFP повикувајќи се на извори од пакистанските разузнавачки служби.
Оперативниот водач на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда во Пакистан, Бадор Мансор е убиен во четврток во ракетен напад на американско беспилотно летало во северозападниот дел од земјата, пренесува AFP повикувајќи се на извори од пакистанските разузнавачки служби. Пакистанецот Бадор Мансор загинал во текот на ноќта во нападот на беспилотно летало на американската разузнавачка агенција CIA во Мираншах, административниот центар на паштунската планинска провинција Северен Вазиристан, каде се наоѓаат засолништата на пакистанските талибани кои се сојузници со Ал Каеда. Агенцијата добила потврда од неколку офицери на пакистанските разузнавачки служби, како и од еден претставник ана бунтовничка група. AFP наведува притоа дека претходно воени извори соопштиле дека во Мираншах американско беспилотно летало убило четворица исламистички бунтовници. „Бадар Мансор е убиен во ракетен напад ноќва во Мираншах“, изјавил неименуван офицер на пакистанското разузнавање, додека негови колеги од градот Мираншах рекле дека заедно со Мансор загинала и неговата сопруга. Бадар Мансор стана водач на Ал Каеда во Пакистан, откако беше ликвидиран неговиот претходник Иљас Кашмири.Западен аналитичар за тероризам во регионот за агенцијата рекол дека доколку навистина е убиен Мансор, тоа ќе претставува многу добра вест за американската страна и нејзината заложба за борба против тероризмот во овој азискиот регион, бидејќи тој претставуваше главна цел на САД и на Пакистан.Според истиот извор, Мансор бил шеф на мрежата на Ал Каеда во Пакистан и многу од западните разузнавачки служби работеле на собирање податоци за неговото движење коишто би довеле до негово апсење. Функционери од пакистанските разузнавачки служби, пак, сметаат дека Мансор е одговорен за неколку самоубиствени напади во последните четири години, коишто главно биле изведени од пакистанските талибани, а во кои од летото 2007 година досега се убиени околу пет илјади луѓе./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Јапонската премиерка Такаичи освои историска победа на изборите
Ризичниот потег на премиерката на Јапонија, Санае Такаичи, да распише предвремени избори ѝ донесе убедлива победа – нејзината владејачка Либерално-демократска партија освои повеќе од 310 од 465 пратенички места во долниот дом, јави „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на анкетите на јапонската телевизија NHK.
Ова е првпат по Втората светска војна една партија да има двотретинско мнозинство во парламентот. Тие сега можат да предлагаат уставни измени и да ги надгласуваат блокадите во горниот дом.
Такаичи, првата жена на чело на јапонската влада, ја доби поддршката на гласачите само четири месеци откако стана премиерка. Во јавноста е популарна по нејзината работна етика, активноста на социјалните мрежи, како и заедничките настапи со светски лидери – меѓу кои и импровизирано свирење на тапани со јужнокорејскиот претседател.
Победата ѝ овозможува силен мандат за справување со економските предизвици, слабата валута и влошените односи со Кина. Тесно соработува и со американскиот претседател Доналд Трамп, кој ѝ даде „целосна поддршка“.
И покрај позитивниот имиџ, Такаичи беше критикувана поради нејзини изјави за Тајван и интензивниот работен ритам – состаноци до 3 часот наутро. Нејзиниот коментар дека Јапонија би можела да реагира воено ако Кина нападне Тајван доведе до дипломатски тензии со Пекинг.
Свет
Бабиш ја повика Европа да почне преговори со Путин
Чешкиот премиер Андреј Бабиш повика Европа да започне преговори со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на конфликтот во Украина, пренесоа денеска чешките медиуми.
„Европските лидери сега почнаа да зборуваат дека треба да се преговара со Путин. Порано, кога унгарскиот премиер Виктор Орбан беше кај Зеленски и кај Путин, сите го осудуваа тоа“, потсети Бабиш, пренесува порталот TN.
Тој ги повика европските земји да воспостават директен дијалог со Москва, оценувајќи дека тоа е неопходен предуслов за примирје.
Бабиш додаде дека Европа не е во состојба самостојно да го запре конфликтот, нагласувајќи дека „клучниот играч во преговорите е американскиот претседател Доналд Трамп“.
Тој потсети дека мир бил близу уште во април 2022 година, но дека тогашниот британски премиер Борис Џонсон го спречил договорот.
„Луѓе умираат во Украина. Мора да има дипломатско решение“, рече Бабиш, додавајќи дека излезот треба да се бара во тековните преговори.
Втората рунда на трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и САД се одржа на 4 и 5 февруари во Абу Даби.
Свет
„Само Трамп може да ја запре војната“ – украинскиoт министер повика на лидерска средба со Русија
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, изјави дека само американскиот претседател Доналд Трамп може да ја запре војната и повика на директна средба меѓу украинскиот и рускиот лидер за да се решат најтешките прашања во мировните преговори. Според него, од мировниот план од 20 точки останале нерешени само неколку, но тие се „најосетливите и најтешки“ и бараат лидерска интервенција.
Сибиха изрази надеж дека напредокот во разговорите посредувани од САД ќе се искористи пред американските конгресни избори на есен, кои би можеле да го променат фокусот на Вашингтон.
Претходно, претседателот Зеленски откри дека САД предложиле војната да се заврши пред летото. Сè уште не е постигнат договор за прашањето на териториите и нуклеарната централа Запорожје, а бил предложен и план за „енергетско примирје“.

