Македонија
Нето платата во декември 17.383 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2008 изнесувала 17 363 денари (околу 282 евра), објави денеска Државниот завод за
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2008 изнесувала 17 363 денари (околу 282 евра), објави денеска Државниот завод за статистика.
Декемвриската плата била за 504 денари поголема во споредба со претходниот месец, додека во однос на истиот месец лани таа е поголема за 11,7 отсто.
Ваквото зголемување се должи, пред сe, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Хотели и ресторани (25.5%), Земјоделство, лов и шумарство (21.8) и Рибарство (19.3%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2008 изнесувала 28 323 денари.
Во декември 2008 година, 7,5 отсто од вработените во Македонија не примиле плата што е за 3,1% отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Ова е последен пат на ваков начин да бидат пресметувани платите во Македонија, бидејќи од 1 јануари стартуваше концептот наречен „цела плата“. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Македонија
Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. 103 – Волково во близина на кружниот тек во Волково, во општина Ѓорче Петров;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. 100 и 21 во село Волково, во општина Ѓорче Петров;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од село Сопиште (ул. 14 и ул. 16 кај Св. Мина) во општина Сопиште.
Македонија
Вицепремиерот Николоски во работна посета на високо ниво на Велика Британија

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, од попладнево е во дводневна работна посета на Обединетото Кралство, каде ќе оствари работнa средбa со Герет Томас, министер за бизниси, извоз и услуги, средба со министерот за Европа, Стефан Доти, како и со Дејм Карен, специјален пратеник на премиерот на Велика Британија за Западен Балкан. Исто така предвидени се средби и со претставници од бизнис заедницата во Лондон.
Тема на работните средби е зацврстување на стратешката соработка меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство.
Предвидено е на средбите да се разговара за економската и трговска соработка со посебен фокус на инвестиции во инфраструктурниот сектор.
Покрај економските теми, ќе се потврдат и добрите политички односи меѓу двете земји.
Обединетото Кралство е стратешки партнер на Република Македонија во НАТО Алијансата и земја на второ место со која остваруваме најголем обем на трговска размена.