Македонија
Дипломираа 44-те стипендирани студенти од ромска националност
Со свечена церемонија, денеска беше одбележано дипломирањето на 44 студенти од ромска националност, и завршувањето на средното образование на 98 ученици, како дел од програмата Ромаверзитас.
Со свечена церемонија, денеска беше одбележано дипломирањето на 44 студенти од ромска националност, и завршувањето на средното образование на 98 ученици, како дел од програмата Ромаверзитас. „Горда сум што бев дел од оваа програма, која ми овозможи да станам конкурентна на пазарот, меѓутоа се уште имаме проблем со невработеноста. Огромни се бројките на дипломирани невработени во земјата, особено на дипломирани невработени Роми, истакнува Шејла Фидани, дипломирана стипендистка на Факултетот за комуникациски науки при Универзитетот на Југоисточна Европа. Фидани рече дека и покрај многуте проекти во земјата кои се одржуваат за да го променат размислувањето на македонскиот народ во делот на дискриминацијата, Ромите се уште се соочуваат со неа, особено во вработувањето. „Не би знаела кои се причините за тоа, дали е тоа бојата на кожата, дали е изгледот, облеката или нешто друго, меѓутоа ако земете во предвид дека сите сме еднакви и сите знаеме да се облечеме убаво за на работа, не гледам која е причината за дискриминација,“ додаде таа. Ромаверситас, како концепт на неформално образование наменет за студентите Роми запишани на државните универзитети во Република Македонија, е оперативна програма на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, финансирана од Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и од Ромскиот образовен фонд (РЕФ)./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„14 пратеници“, обзнанија Таравари и Хасани: Коалицијата „Вреди“ добила пратеник повеќе во однос на Европскиот фронт по прегласувањето
По прегласувањето на избирачко место во Општина Желино, кое е во рамки на изборната единица 6, според претставникот на „Вреди“, Башким Хасани, коалицијата „Вреди“ добила близу 500 гласа, а за „Европскиот фронт“ гласале 48 избирачи.
Коалицијата „Вреди“ доби еден пратеник повеќе за сметка на пратеник на „Европскиот фронт“ со прегласувањето во шестата изборна единица, изјави Хасани.
„Кога се гласа без притисоци, без кражби и без многу манипулации резултатот е тој, или во случајов, коалицијата ‘Вреди’ го добива 14 пратеник“, рече претставникот на коалицијата „Вреди“.
Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) за излезеноста на седумте избирачки места на кои денеска имаше прегласување за парламентарните избори, на избирачкото место во Општина Желино, едиствено на кое се прегласува во шестата изборна единица, до 18:30 часот гласале вкупно 546 избирачи.
Претставниците на Коалицијата „Вреди“ Арбен Таравари и Башким Хасани на социјалните мрежи го напишаа бројот 14 со што алудираат на уште еден пратеник во коалицијата.
Коалицијата „Вреди“ на парламентарните избори на 8 мај, имаше 13 пратеника, а коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ доби 19 пратенички мандати.
Македонија
55,10 проценти била излезноста, на половина час пред затворањето на гласачките места соопшти ДИК
Од вкупно запишани 4.514 гласачи на седумте избирачките места на кои се прегласува за Парламентарните избори, до 18.30 чaсот гласале 2.487, односно 55,10 отсто, соопшти Државната изборна комисија
Во ИМ 2101 во Желино гласале 546 гласачи односно 54,98%.
Во ИМ 1194 во Крушево, гласале 325 гласачи односно 69,30%.
Во ИМ 1202 во Крушево, гласале 99 гласачи односно 33,22%.
Во ИМ 1272 во Охрид, гласале 356 гласачи односно 50,07%.
Во ИМ 1470 во Долнени, гласале 365гласачи односно 55,47%.
Во ИМ 1470/1 во Долнени, гласале 324 гласачи односно 51,27%.
Во ИМ 1844 во Струга, гласале 472 гласачи односно 62,68%.
Во споредба со гласањето на 8 мај 2024, до 18:30 часот, на ова прегласување била забележана зголемена излезеност за 1,08% на овие избирачки места.
Македонија
Левица: Осквернавено срцето со македонското знаме во Гостивар
Пред неколку дена, по повод Денот на македонското знаме, 15 мај, како и по повод 24 Мај – празникот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, срцето од натписот со името на градот Гостивар беше симболично променето во македонското знаме со букви на глаголично и кирилично писмо, се истакнува во реакцијата на Левица.
„Но, за жал, можеби, и очекувано во ситуација на континуирана необалистичка реторика од страна на политичките партии од страна на т.н „албанскиот блок“, срцето на кое во понеделникот беа насликани македонското знаме и букви од кирилицата и глаголицата е осквернавено со илустрации и графити кои се со екстремно навредлива содржина.
Сквернавење кое, дури и да не е извршено од нив, претставува директна последица на големоалбанската и антимакедонската пракса, на целосно непочитување на државните македонски инсигнии (Знаме, Грб и Химна), како и глорификација на инсигниите на фашистичката творба – Голема Албанија која е практикувана од страна на т.н. „албанската“ политичка елита“, велат од оваа партија.
Ја потсетуваат јавноста дека политичката партија Левица во својата програма се залага за: воведување на Државен инспекторат за инсигнии кој ќе биде надлежен за контрола и надзор над правилната употреба на државните симболи (грбот, знамето и химната) од страна на државните органи, општините и приватните субјекти.