Свет
Шестмина уапсени за атентатите во Осло
Норвешка полиција во неделата уапси шест лица под сомнение за вмешаност во двата терористички напада што се случија во петокот во кои загинаа 92 лица, јавува весникот Dagbladet
Според весникот, полицијата извршила операција во неделата наутро во една мала индустриска зона во близина на станбен реон крај источниот кварт Орволл во норвешката престолнина.Dagbladet објави дека информациите за спроведување на акцијата и приведените осомничени се потврдени од норвешката полицијата, но сепак одбиле да дадат детаљи за операцијата.Претходно во неделата шефот на норвешката национална полиција Свеијнунг Споунхеијм соопшти дека осомничениот за терористичките напади од петокот навечер во во кои загинаа според последните податоци најмалку 93 лица а 100-ина се ранети од кои 20 се во критична состојба, Андерс Брејвик тврди дека дејствувал сам и немал соучесници.Според изјавата на еден од локалните жители во населбата каде што се спроведувала акцијата, именуван како Роберт Рикенберг, во зградата каде што се одвивало апсењето живеат емигранти од Источна Европа, кои се занимавале со ремонти на машини.Како извршител на нападот врз кампот на младите поддржувачи на норвешката лабуристичка владејачка партија и на претходната експлозија пред зградата на владата во која загинаа седум лица а 20 се повредени е осомничен 32-годишниот Норвежанец, Андрес Бехринг Брејвик. Тој е посочен како приврзаник на екстремната десница и на христијанскиот фундаментализам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во поплавите во Бразил загинаа осум лица, а 21 се исчезнати
Осум лица загинаа, а 21 се водат како исчезнати во поплавите предизвикани од обилните дождови во државата Рио Гранде до Сул во јужен Бразил.
Над 1.400 жители се раселени поради невремето што доведе до пораст на нивото на водата и поплави во 104 општини, пренесува Ројтерс.
Гувернерот Едуардо Леите изјави дека државата работи на пронаоѓање на исчезнати лица и за обезбедување на безбедноста на оние во загрозените области.
Свет
Лидерот на ИСИС убиен во операција во пограничниот регион на Мали
Водачот на една од групите поврзани со Исламската држава, Абу Худајфа, е убиен во операција во пограничниот регион кој опфаќа делови од Мали, Буркина Фасо и Нигер.
Неутрализацијата на терористичкиот функционер беше извршена за време на голема операција во Липтак, триграничен регион кој опфаќа делови од Мали, Буркина Фасо и Нигер, соопштија властите на Мали.
Во соопштението се потсетува дека лидер на ИСИС учествувал во нападот на Нигер во 2017 година, што резултираше со убиство на четири американски Зелени беретки и четворица нигериски војници, вклучително и еден преведувач.
Свет
Евакуирани туристи во Кенија поради поплави, 170 загинати од март
Туристи беа евакуирани од десетици хотели, апартмани и кампови откако пукнаа браните во Националниот резерват Масаи Мара поради поплавите во кои загинаа повеќе од 170 луѓе низ Кенија од почетокот на сезоната на дождови во средината на март.
Црвениот крст на Кенија соопшти дека спасил 61 лице од резерватот, кој е популарна туристичка дестинација за годишната миграција на диви пчели од Серенгети во Танзанија, пренесува Асошиетед прес.
Метеоролошкиот оддел на Кенија предупреди дека ќе очекуваат нови дождови оваа недела, откако во понеделникот пукна брана во градот Маи Махи во округот Накуру, при што загинаа 48 луѓе, а над 80 се водат како исчезнати.