Македонија
Иванова: Суверенитетот го програмираат Јанкуловска и Груевски
Се уште е во тек расправата за разрешување на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
Се уште е во тек расправата за разрешување на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
Пратениците на СДСМ и НСДП веќе со часови си разменуваат навреди со ВМРО ДПМНЕ на вонредната седница на која опозицијата бара отповикување на собранискиот претседател Трајко Вељаноски, бидејќи со инцидентот кој се случи на 1 јули во Парламентот бил прекршен член 43 од Законот за Собрание. Опозициските партии бараат одговор од Вељаноски зошто дозволил вооружени полицајци, без идентификација, да се движат низ Парламентот.
„Пратениците на СДСМ брутално нападнаа припадник на полицијата кој се ја вршеше својата работа, кажете колеги кој го подготви ова сценарио, СДСМ не се менува, туку продолжува со насилство“, изјави Марија Андоновска пратеничка на ВМРО ДПМНЕ.
„Може да смислите нешто ново колешке Андоновска? Дали вие знаете што е брутално нападнато лице? Брутално е згазениот човек на Партизанска од еден од обезбедувањето, бруталност е сообраќајката на една ваша колешка. Имаше бруталност бидејќи полициски службеници кои беа вооружени не беа лигитимирани“, изјави Игор Ивановски пратеник од СДСМ.
Иванова бараше одговор кој дал налог да влезат вооружени лица во сини маички со два пиштола без посебно обележување дека се обезбедување да се шетаат низ Собранието на Македонија.
„Денеска ја погребавме демократијата во Македонија, требаа пратениците на ВМРО да застанат и да кажат стоп на мешањето во законодавниот дома, суверенитетот на Собранието го програмира Јанкуловска и Груевски“, изјави Цветанка Иванова пратеничка на СДСМ.
Пратеничката на СДСМ Весна Бендевска на почетокот на седницата побара одговорност од извршната власт за инцидентот во законодавниот дом.
„Господине Вељаноски вие лично ја преземате одговорноста за упад во парламентарната демократија, одлуката е во ваши раце ние ви нуди шанса доколу вие не сте повикале полиција ние ќе ја повлечеме иницијативата“, рече Бендевска.
Вељаноски не одговори зошто дозволил да се движат полициски службеници без идентификација.
„Еве ги сликите од инцидентот, мене ме нема на овие слики јас не влечам припадник на Министерството за внатрешни работи, вие упаднавте во мојот кабинет“, рече Вељаноски во Собранието на седницата за неговата интерпелација на почетокот на вонредната седница.
„Тука треба да збориме за НАТО, сиромаштија, економија заради вашите политики ова е срам за Македонија, целата оваа слика што ја давате е смешна за граѓаните, не може Македонија да биде заложник на политиките на двете најголеми политички партии“, изјави Андреј Жерновски пратеник од ЛДП.
Дебатата продолжува со вкупно 53 пријавени пратеници за збор, а за разрешување на претседателот на Собранието потребни се 61 пратенички глас/крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДС шири непотребна паника за визите, не станува збор за забрана за патување во САД, велат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС наместо да биде конструктивна опозиција, која ќе има аргументирана критика, таа пласира тенденциозна манипулација со цел дефокусирање од сопствениот неуспех., велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Да разјасниме за јавноста и граѓаните СДС користи дезинформации за американската визна политика. Факт е дека не станува збор за забрана за патување, ниту за целосен прекин на визи за граѓаните. Едноставно, станува збор за времена на постапки поврзани исклучиво со иселенички визи за САД, за којшто има најмал број на апликации“, велат од владејачката партија.
Дополнително, велат од ВМРО-ДПМНЕ, не станува збор за целосна забрана за патување или влез во САД, и не влијае на другите категории на визи за САД, односно не претставува никаква пречка и не постои никакво ограничување за другите категории на визи како што се туристичката виза, студентска итн, односно политиката останува непроменета по однос на овие визи.
Воедно, велат од ВМРО-ДПМНЕ, сакаме да ја потсетиме јавноста и СДС дека кога се појавија податоците за тарифите за даноците од САД, опозицијата критикуваше дека сме вброени во земјите со највисоки тарифи, а кога ВМРО-ДПМНЕ издејствува да бидат најниски, СДС ги снема, наеднаш исчезнаа од јавноста.
„Истото се случува и сега. Наместо одговорно информирање се шири паника и се шпекулира. Македонија има одлична и континуирана соработка со нашиот стратешки партнер САД, а тоа ќе продолжи и во иднина, затоа што работиме исклучиво во интерес на граѓаните и државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
фото/Depositphotos
Македонија
ИЈЗ: Нема потреба од продолжување на зимскиот распуст, грипот на ниво на средна активност
Во втората недела од 2026 година, состојбата со грипот во земјава се наоѓа на ниво на средна активност, со зголемен број на заболени, но без потреба од воведување претерани мерки, изјави д-р Драган Кочински од Институт за јавно здравје.
Од 5 до 11 јануари регистрирани се вкупно 2.322 заболени лица, што е за 34,6 отсто повеќе во однос на претходната недела. Во споредба со истата недела претходната сезона, бројот на заболени е зголемен за 2,2 пати.
Највисока инциденца на заболување се бележи кај децата на возраст од 0 до 4 години. Заболени лица се регистрирани во 25 региони во државата, при што најмногу регистрирани случаи има во Скопје, а само во Берово, Пехчево и Делчево досега нема ниту еден регистриран случај.
Одговарајќи на новинарско прашање за можноста за продолжување на зимскиот распуст, д-р Кочински истакна дека иако растот на бројот на заболени е забележан неколку недели порано од вообичаено, нема потреба од таква мерка.
„Бројките се очекувани за овој период од годината. Точно е дека засега имаме раст неколку недели порано од очекуваното. Засега сме во средна активност и тоа не дава можност да даваме претерани мерки како што е продолжување на зимскиот распуст. Ја следиме состојбата и доколку има промени, ќе излеземе со соодветни препораки“, изјави тој.
Во однос на училиштата и градинките, од ИЈЗ апелираат децата со симптоми на акутно заболување да не се носат на настава, со цел да се спречи ширењето на заразата.
Како општи мерки се препорачуваат избегнување на простории со голем број луѓе, редовно проветрување, консумирање витамини и минерали, како и останување дома во случај на заболување. Доколку симптомите се влошуваат или не се повлекуваат, граѓаните се упатуваат да се јават кај матичен лекар или инфектолог.
Најдобра заштитна мерка, според здравствените власти, и понатаму останува вакцинацијата.
Од ИЈЗ посочуваат дека пикот на грипот се очекува од крајот на јануари до средината на февруари.
Македонија
Николоски -Агелер: Македонија и САД се стратешки партнери кои ќе продолжат да работат на јакнење на економските врски
Економската соработка меѓу Македонија и САД е во континуиран пораст и тоа се должи на спроведување на реформите кои влијаат врз довербата на граѓаните и инвеститорите, заклучија заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и амбасадорката на САД, Ангела Агелер на денешната средба во Министерството за транспорт.
„Одличните односи меѓу двете земји ја поттикуваат економската соработка“, истакна вицепремиерот Николоски и дополни дека подобрување на деловната клима е една од стратешките цели за побрз економски и општествен развој во сите сегменти на државата.
На средбата се разговараше за реализација на проектите на Коридорите 8 и 10, како и 10-д, преку силната посветеност на Македонија во доизградба и модернизација на овие стратешки регионални проекти.
„Вклучноста на компании од САД во реализација на инфраструктурните проекти е од огромно значење за создавање на нови знаења, технологија и практики за домашните компании и гарант за успешна реализација на капиталните проекти“, потенцира вицепремиерот Николоски.
На средбата на која уште еднаш се потврдија одличните односи меѓу Македонија и САД, се разговарше и за стратешкото партнерство меѓу двете земји и силната подршка на САД во насока на јакнење на демократските процеси, структурните реформи во државата, владеење на правото, борбата со корупцијата како и процесот на пристапните преговори за членство во ЕУ.
Во име на македонските граѓани, вицепремиерот Николоски изрази голема благодараност за подршката што преку својот личен ангажман ја овозможуваше амбасадорката Ангела Агелер во текот на својот мандат, како искрен пријател на Македонија.
„Пријателството и партнерството меѓу двете земји ќе продолжи во континуитет“, заклучија вицепремиерот Николоски и амбасадорката Агелер, преку заедничката посветеност во процесот на демократизација и спроведување на суштинските реформи.

