Свет
Во Ирак убиени двајца американски војници
Двајца американски војници биле убиени во понеделникот во текот на операција во јужниот дел на Ирак, пренесува денеска CNN повикувајќи се на соопштение на американската армија.
Двајца американски војници биле убиени во понеделникот во текот на операција во јужниот дел на Ирак, пренесува денеска CNN повикувајќи се на соопштение на американската армија.Војската на САД во соопштението не наведува детали за инцидентот, како ни имињата на загинатите војници. Последните години во Ирак е забележливо големо намалување на насилствата. По договорот меѓи Ирак и САД, американските војници мораат да се повлечат од ирачката територија до 1-ви јануари 2012 година, но припадниците на армијата на САД сè почесто се цел на бомби поставени крај патиштата и минофрлачки напади, најмногу во Багдад и во јужниот дел од Ирак, каде се најголемите упоришта на шиитските муслимани.На 6-ти јуни беа убиени пет американски војници, што е најголем број загинати американски војници во еден инцидент од 2009 година, а армијата на САД соопшти дека нападот е најверојатно дело на шиитските милиции кои се обидуваат да си дадат значење и заслуги во наводно протерување на странските војници од Ирак. /крај/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Словачка ја разгледува Полска како нова рута за увоз на гас
Словачкиот претседател, Петер Пелегрини, ја поздрави можноста земјата да увезува гас преку Полска, како алтернатива на рускиот природен гас.
По средбата со полскиот колега Карол Навроцки, Пелегрини истакна дека поврзувањето на гасните мрежи би овозможило диверзификација на енергетскиот увоз, доколку цените и транзитните такси бидат разумни.
Навроцки најави дека Полска има план да стане регионален центар за снабдување со американски течен гас. Двајцата лидери ја истакнаа важноста од инфраструктурното поврзување и имаат усогласени ставови за миграцијата и безбедноста во рамките на НАТО.
Свет
Мексико: Сопругата на убиениот градоначалник ја презема неговата функција
Сопругата на градоначалникот кој беше брутално убиен за време на прославите на Денот на мртвите во мексиканската држава Мичоакан, која е погодена од насилство, ја презеде функцијата на својот сопруг, ветувајќи дека ќе продолжи со неговата борба против организираниот криминал, објави Ројтерс, цитиран од БТА.
Гресија Кирос положи заклетва како градоначалник на Уруапан, познат како престолнина на авокадото во Мексико, откако државниот конгрес едногласно го одобри потегот.
„Денес доаѓам со скршено срце затоа што ми го одзедоа партнерот во животот, таткото на моите деца, но и со храброста со која тој се спротивстави да се бори“, рече Кирос за време на положувањето заклетва.
„Тие нема да ме замолчат… Ќе ги следам неговите стапки“, додаде таа, држејќи ја шапката на нејзиниот покоен сопруг како симбол на нивното движење.
Вооружен човек со качулка го застрела и уби 40-годишниот Мансо додека присуствуваше на фестивал со свеќи, во напад што предизвика национален бес, делумно поради неговите отворени критики кон федералната влада дека не презема доволно мерки за борба против организираниот криминал.
Свет
Русија тврди дека украински војници се предале во Покровск
Рускиотo Министерство за одбрана соопшти дека украински војници од 68. ловечка бригада се предале во Покровск, откако биле опколени и, како што тврди Москва, напуштени од своите команданти, пренесе „ТАСС“.
Во соопштението се наведува дека припадниците доброволно се предале поради интензивен артилериски оган. Русија објави и сведоштва на заробени војници, кои велат дека биле без храна и лекови, а еден од нив изјавил дека се предал од очај.

