Свет
Обама:Несекојдневни промени на Блискиот Исток и во Северна Африка
Американскиот претседател Барак Обама ги поздрави „несекојдневните промени“ на Блискиот Исток и во Северна Африка, но кажа дека многу земји на повиците за промени одговориле со насилство.
Американскиот претседател Барак Обама ги поздрави „несекојдневните промени“ на Блискиот Исток и во Северна Африка, но кажа дека многу земји на повиците за промени одговориле со насилство. Најекстремен пример е Либија, каде Моамар Гадафи поведе војна против сопствениот народ, рече Обама во обраќањето во Стејт департментот. Според американскиот претседател, доколку САД и партнерите не реагираа, во Либија ќе загинеа илјадници лица.
За Сирија рече дека избрала „пат на убиства и масовни апсења“ и го повика претседателот Башар ал-Асад или да раководи со транзицијата кон демократијата, или „да се тргне од патот“. Обама побара сириската влада да прекине да пука во демонстрантите, да дозволи мирољубиви протести и да запре со неправедните апсења.
Првиот човек на САД подвлече дека во последните шест месеци беа сменети два водача од Блискиот Исток и Северна Африка, како и дека “можеби ќе има и други“, бидејќи народот се дигнал за да добие основни права.
Американската политика е да промовира реформи ширум регионот и да поддржи транзиција кон демократијата, рече Обама, според кого тој напор започнува со Египет и Тунис. Оцени дека трајниот мир меѓу Израел и Палестинците е најпотребен од кога и да е претходно. Обама во петок треба да се сретне со израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху.
По долгогодишна војна против Ал-Каида и нејзините сојузници, САД зададоа тежок удар на екстремистите со убиството на Осама бин Ладен во рацијата во Пакистан, кажа американскиот претседател. За Обама, водачот на Ал-Каида не е маченик, туку масовен убиец.
Претседателот најави финансиски иницијативи за поддршка на економската модернизација, реформите и стабилноста на Египет и Тунис, каде продемократските движења доведоа до симнување на авторитарните водачи од власта. Белата куќа најави првична една милијарда долари во форма на простување на долговите и инвестиции, како и дополнителна една милијарда во кредитни гаранции за овие земји.
Говорот на Обама дојде во ситуација кога понасилните судири во Либија, Јемен, Сирија и на други места ги засенија револуциите во Египет и Тунис.
Обама рече дека јеменскиот претседател Али Абдула Салех треба да го исполни ветувањето за предавање на власта.Обама, кому еден од заштитините знаци на претседателската функција му е обидот да допре до исламскиот свет, веќе се обрати до муслиманите ширум светот во Каиро во 2009-та. крај/воа/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лукашенко: Мадуро е добредојден во Белорусија ако ја напушти функцијата
Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро би бил добредојден во Белорусија доколку ја напушти функцијата, но дека за ова прашање не е разговарано со Мадуро, според цитат од интервју за американскиот новински канал Newsmax објавен во понеделник на канал на Телеграм поврзан со администрацијата на Лукашенко.
Тензиите се зголемија меѓу САД и венецуелската влада, при што САД распоредија воени сили во јужниот дел на Карибите, напаѓајќи бродови за кои се тврди дека носат наркотици.
Закани за воена интервенција
Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека наскоро може да започне копнени операции во Венецуела.
Венецуелската влада вели дека САД бараат промена на режимот за да ги преземат огромните нафтени резерви во земјата.
Притисокот од САД речиси го парализира извозот на венецуелска нафта од минатата недела, при што само танкерите изнајмени од „Шеврон“ што носат венецуелска сурова нафта во САД отпловиле со претходно одобрение од Вашингтон, покажуваат записите.
Свет
(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл
Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти насип по една недела континуирани и обилни дождови. Наредбата на округот Кинг се однесува на домовите и бизнисите во делови од Кент, Обрн и Туквила, источно од реката Грин.
Во исто време, Националната метеоролошка служба (NWS) издаде предупредување за ненадејни поплави за речиси 47.000 луѓе. Пробивањето на насипот се случи по една недела рекордно високи нивоа на водата, што веќе предизвика масовни евакуации.
Рекордните врнежи од дожд предизвикуваат хаос
Невообичаено моќен временски систем, познат како „атмосферска река“, донесе повеќе од 30 сантиметри дожд, зголемувајќи го нивото на реките низ целата држава, сè до канадската граница, на опасни нивоа. Бројни лизгања на земјиштето опустошија населени подрачја, уништувајќи домови и оставајќи семејства заробени на покривите додека чекаа да пристигнат спасувачките екипи.
Свет
(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета
Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари 2021 година, во документарецот „Панорама“.
Трамп го обвини британскиот јавен радиодифузер за клевета и кршење на законите за трговски практики, според судските документи поднесени во Флорида. Би-Би-Си му се извини на Трамп минатиот месец, но го отфрли неговото барање за отштета, велејќи дека нема „основа за тужба за клевета“.
Адвокатите на Трамп тврдат дека Би-Би-Си го клеветила претседателот со „намерно, злонамерно и измамничко манипулирање на неговиот говор“. Би-Би-Си сè уште не коментирала за тужбата. Трамп минатиот месец објави дека ќе ја тужи Би-Би-Си поради документарецот, кој се емитуваше во Обединетото Кралство пред претседателските избори во САД во 2024 година.
„Мислам дека морам да го направам тоа. Тие измамија. Ги сменија зборовите што излегоа од мојата уста“, им рече Трамп на новинарите, зборувајќи за тужбата. Во говорот на 6 јануари 2021 година, непосредно пред немирите во американскиот Капитол, Трамп им рече на толпата: „Одиме во Капитол и ќе ги бодриме нашите храбри сенатори и претставници“.
Повеќе од 50 минути подоцна во истиот говор, тој додаде: „И се бориме. Се бориме до крај“.
Програмата Панорама емитуваше клип од Трамп како вели: „Одиме во Капитол… и јас ќе бидам таму со вас. И се бориме. Се бориме до крај“. Би-Би-Си призна дека изменетото создало „лажен впечаток“ дека Трамп „директно повикува на насилни дејствија“, но го отфрли тврдењето дека тоа претставува клевета.
Во ноември, беше протече интерна белешка на Би-Би-Си во која се критикува начинот на кој е монтиран говорот, што доведе до оставки на генералниот директор на Би-Би-Си, Тим Дејви, и директорката на информативниот програм, Дебора Тернес.
Пред Трамп да поднесе тужба, адвокатите на Би-Би-Си поднесоа долг одговор на обвинувањата на претседателот. Тие тврдеа дека немало злонамерност во монтирањето и дека Трамп не претрпел никаква штета како резултат на емитувањето, бидејќи бил реизбран кратко време по емитувањето.
Тие исто така истакнаа дека Би-Би-Си немала права да го дистрибуира документарецот во Соединетите Држави, ниту го емитувала таму. Иако Панорама беше достапна на BBC iPlayer, пристапот беше ограничен на гледачите во Обединетото Кралство.
Тужба: Жителите на Флорида веројатно го гледале документарецот
Во тужбата, Трамп тврди дека Би-Би-Си имал договори со други дистрибутери за прикажување на содржината, вклучително и договор со трета медиумска компанија за која тврди дека имала лиценца за дистрибуција на документарецот надвор од Обединетото Кралство. Би-Би-Си не коментираше за овие обвинувања, ниту компанијата што наводно ги поседувала правата за дистрибуција.
Во тужбата понатаму се тврди дека жителите на Флорида можеле да го гледаат документарецот користејќи VPN или преку услугата за стриминг BritBox.
„Промоцијата на документарецот „Панорама“, во комбинација со значителното зголемување на употребата на VPN во Флорида од неговото емитување, укажува на голема веројатност дека жителите на Флорида пристапиле до документарецот пред Би-Би-Си да го отстрани“, се наведува во тужбата.

