Свет
Кенија: проширен најголемиот бегалски камп во светот

Илјадници Сомалијци кои бегаат од сушата, гладта и војната почнаа да се вселуваат во проширениот дел на најголемиот бегалски камп на светот во Кенија, која е се позагрижена дека го презема најголемиот товар од кризата на Рогот на Африка
Илјадници Сомалијци кои бегаат од сушата, гладта и војната почнаа да се вселуваат во проширениот дел на најголемиот бегалски камп на светот во Кенија, која е се позагрижена дека го презема најголемиот товар од кризата на Рогот на АфрикаОколу 1.500 бегалци од Сомалија ја преминуваат границата со кенија секој ден, но за нив нема место во пренатрупаниот камп Дадааб, кој беше прогласен за полн уште во 2008 година. Наместо тоа, околу 65.000 бегалци се вселија во картонски кутии и куќички од пластични кампи надвор од оградата на кампот.„До крајот на денешниот ден ќе преселиме околу 3.000 бегалци во новиот дел на кампот. Засега користиме шатори како итна мерка, а подоцна, можеби, ќе изградиме некакви куќи“, изјави за агенцијата Reuters портпаролот на Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР), Емануел Нјабера. Кенијската влада го отвори кампот Дадааб, кој е предвиден да прими 90.000 бегалци, во 1991 година како привремено решение за бегалците од граѓанската војна преку границата. Но, 20 години подоцна, во кампот се сместени 440.000, а на конфликтот не му се наѕира крајот. Владата во Најроби стравува дека Дадааб се претвора во постојано место за живеење за бегалците. Минатата година, владата ја суспендираше изградбата на новиот дел од кампот, наречен „Ифо 2“, поради загриженост за безбедноста. Со прогласувањето на глад во Сомалија на почетокот на овој месец, Кенија се најде под силен меѓународен притисок да го доврши „Ифо 2“, затоа што во кампот има куќи од тули, тоалети, вода за пиење, здравствени установи и училишта кои дотогаш не се користеа. /крај/reuters/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Макрон повика на зголемен притисок врз Москва за да се стави крај на војната во Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска повика на зголемен притисок врз Москва за да се стави крај на војната во Украина, по самитот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин во Анкориџ, Алјаска.
Во објава на социјалната мрежа Х, Макрон истакна дека заедно со европските колеги смета оти е неопходно да се одржи притисок врз Русија сè додека нејзината инвазија врз Украина не заврши и не се постигне траен мир што ги почитува правата на Украина.
Тој нагласи дека цврстиот мир мора да биде проследен со непоколебливи безбедносни гаранции.
„Ja поздравувам подготвеноста на СAD да придонесат во овој процес“, напиша Макрон, додавајќи дека за конкретен напредок е потребна нова средба на „Коалицијата на podgotvenite“, алијанса од околу 30 земји предводена од Велика Британија и Франција, која ја поддржува Украина.
Макрон, исто така, повика на извлекување поуки од последните 30 години, особено од „ добро познатата тенденција на Русија да не ги почитува своите обврски“.
Разговорите во Анкориџ меѓу Трамп и Путин беа опишани како продуктивни, но не беа објавени конкретни резултати.
Свет
Орбан вели дека светот е побезбедно место по средбата меѓу Трамп и Путин

Светот е побезбедно место по средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин во Алјаска, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Со години гледавме како двете најголеми нуклеарни сили ја елиминираат рамката на нивната соработка и си испраќаат пораки едни на други“, напиша Орбан на Фејсбук.
Тој додаде дека сега таа практика е завршена.
„Светот денеска е побезбедно место отколку што беше вчера“, рече Орбан.
Светските лидери денес реагираа на самитот меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин, а како што објавија медиумите, реакциите беа поделени – некои го критикуваа недостатокот на конкретни резултати, додека други ја нагласија важноста на самиот дијалог.
Свет
Русија во текот на ноќта лансираше 85 беспилотни летала кон Украина

Русија во текот на ноќта лансираше 85 беспилотни летала и една балистичка ракета кон територијата на Украина, објавија утринава украинските воздухопловни сили.
Нападите во текот на ноќта беа насочени кон области на линијата на фронтот во регионите Суми, Доњецк, Чернигов и Дњепропетровск, објавија воздухопловните сили на каналот Телеграм.
Оттаму, исто така, наведуваат дека нивните единици за противвоздушна одбрана уништиле 61 беспилотно летало.
Главниот штаб на украинските вооружени сили објави во својот дневен утрински извештај дека во текот на изминатите 24 часа на линијата на фронтот имало 139 судири со непријателот.
Од друга страна, руските системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта пресретнале и уништиле 29 украински дронови над различни руски региони, вклучувајќи 10 беспилотни летала над Ростовскиот регион, објавија утринава руските медиуми, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин, по нивната вчерашна средба во Алјаска, не споменаа ништо за потенцијален прекин на огнот во војната во Украина.