Свет
Полицијата во САД спасила 100 лица кои биле држени во заробеништво

Американската полиција спасила повеќе од 100 лица, илегални имигранти, за кои се верува дека се држени против нивна волја во едно скривалиште во Тексас.
Во куќата биле пронајдени 94 мажи, 14 жени и две деца кои биле преморени и гладни, но на себе немале траги од потешки повреди, наведува „АФП”.
Меѓу нив имало и една бремена жена која веднаш била однесена во болница на преглед.
„Тоа е типичен пример на трговија со луѓе кога луѓето се третирани како животни наместо како човечки суштества”, изјавил портпаролот на полицијата во Хјустон, Џон Кенон.
Пет лица кои се осомничени за трговија со луѓе се уапсени за време на полициската акција, а федералните агенти за имиграција ги испрашале луѓето пронајдени зад заклучени врати и прозорци во една двособна барака.
Најмалку осум лица од имигрантите се Мексиканци, вклучувајќи и тројца малолетници меѓу нив, соопштило мексиканското Министерство за надворешни работи.
Полицијата го открила скривалиштето откако роднина на жена и две мали деца го пријавила нивното исчезнување.
Кога полициските службеници ја отвориле вратата затекнале огромен број луѓе и непријатен мирис на фекалии, рекол Кенон.
„Условите на бараката во која беа сместени беа страшни. Во куќата немаше вода, а тоалетот делумно работеше. Имаше само една бања за повеќе од 100 луѓе”, додал Кенон./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Врховниот лидер на Иран: Израел штотуку е казнет

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека Израел „штотуку е казнет“, во порака објавена на социјалните мрежи пред неколку часа.
The Zionist enemy is being punished. It is being punished right now.
— Khamenei.ir (@khamenei_ir) June 20, 2025
Објавата, која сугерира дека Иран започнал нови напади врз Израел, дополнително ги засили тензиите меѓу двете земји.
Свет
Пожари кај канцелариите на Мајкрософт во Израел, пет лица се повредени

Фотографија покажува пожари што горат во близина на канцелариите на Мајкрософт во Бер Шева, јужен Израел, а оштетени се и станбени згради, јавува Би-би-си.
Пожарникарите и амбулантните возила се на местото на настанот. Според досегашните информации, пет лица се повредени и однесени во болница.
Се чини дека Иран повторно го нападна технолошкиот парк Гав-Јам, за кој иранските власти вчера наутро изјавија дека бил нивна цел кога ја нападнале блиската болница Сорока.
Свет
(Видео) Израелската армија собори четири ирански дронови, објавена е снимка

Во текот на ноќта, израелските воздухопловни сили соборија најмалку четири дронови лансирани од Иран кон Израел, а на снимката се гледа како хеликоптер за напад AH-64 Apache соборува два дрона за напад Arash-2 со долг дострел.
Overnight, the Israeli Air Force downed at least four drones launched by Iran against Israel, with footage showing the shoot down of two “Arash-2” long-range attack drones by an AH-64 “Apache” with the IAF. pic.twitter.com/JaYJ4V2lI7
— OSINTdefender (@sentdefender) June 20, 2025