Контакт

Свет

Кастро: Обама живее во светот на фантазијата

Објавено пред

Поранешниот кубански претседател Фидел Кастро денеска навести дека нуклеарен напад врз Иран би можел да му помогне на американскиот претседател Барак Обама да освои втор мандат и укажа на можноста дека САД би можеле да ја нападнат и Северна Кореја.

dobivaj vesti na viber

Поранешниот кубански претседател Фидел Кастро денеска навести дека нуклеарен напад врз Иран би можел да му помогне на американскиот претседател Барак Обама да освои втор мандат и укажа на можноста дека САД би можеле да ја нападнат и Северна Кореја.

Во авторскиот текст насловен „Империја и војна“, што го објавија кубанските државни медиуми, Кастро го прикажува американскиот претседател како жртва на фантазијата која во неговиот ум ја всадиле злонамерните советници.

Поранешниот кубански претседател укажува и на опасноста, САД да ја нападнат Северна Кореја поради неодамнешниот инцидент во водите на оваа држава, очигледно мислејќи на обвинувањето дека Северна Кореја нападнала и потопила еден јужнокорејски брод , кога загинаа 46 лица..

Кина би можела да го блокира таквиот напад користејќи вето во советот за безбедност на Обединетите нации, рече Кастро, сугерирајќи дека Вашингтон најверојатно ќе бара одобрување од тоа тело пред да се одлучи на таков потег.

Кастро досега често го фалеше Обама, но во овој текст го претставува како пион на глобалната капиталистичка машина.

Кастро (83) се повлече од јавниот живот во јули 2006 година, поради здравствени проблеми, а власта му ја предаде на својот помлад брат Раул./крај/бл/фф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Мерц предупредува: Се подготвуваат депортации

Објавено пред

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го покани сирискиот претседател Ахмед ел Шаара да ја посети Германија за да разговара за депортацијата на сириските граѓани.

dobivaj vesti na viber

Кога станува збор за депортации, тие се однесуваат на сириски граѓани со криминално досие во Германија.

„Секако, ќе продолжиме да депортираме криминалци во Сирија. Тоа е планот. Сега ќе го спроведеме на многу конкретен начин“, рече Мерц.

Тој додаде дека Германија сака да помогне во стабилизирањето на земјата и рече дека има намера да разговара со Шара „како можеме да го решиме ова заедно“.

Претходничката на Мерц, Ангела Меркел, пред 10 години водеше историска политика на отворени врати кон бегалците, добредојдени околу еден милион мигранти во Германија, од кои многумина беа Сиријци кои бегаа од граѓанската војна.

Оттогаш, поддршката за крајната десница расте, а конзервативната партија ЦДУ на Мерц зазеде многу построг став во врска со безбедноста на границите и миграцијата, ветувајќи дека ќе ги забрза депортациите.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Нови отпуштања од ФБИ: на мета тимот што го истражувал Трамп

Објавено пред

ФБИ отпушти четири агенти од тимот на специјалниот советник Џек Смит кој го истражува поранешниот претседател Доналд Трамп, иако некои од тие отпуштања оттогаш се поништени, објави Ројтерс, повикувајќи се на пет лица запознаени со ова прашање.

dobivaj vesti na viber

Овој потег е најнов во серијата намалувања на персоналот насочени кон вработените кои работеле на истраги поврзани со Трамп или неговите сојузници, објави Ројтерс.

Еден од отпуштените агенти, Џереми Десор, беше критикуван на социјалните мрежи во последните денови. Овој потег доаѓа откако претседателот на Комитетот за правосудство на Сенатот, Чарлс Грасли, републиканец, објави повеќе од 1.000 страници судски покани од истрагата на Смит, со кодно име „Arctic Frost“.

Истрагата ги испитуваше напорите Трамп да се задржи на власт по неговиот пораз на изборите во 2020 година. Имињата на вработените во ФБИ и Министерството за правда не беа редактирани во објавените документи.

Друг отпуштен агент, Џејми Гарман, беше ставен на административно отсуство пред неколку недели. Тоа се случи кратко откако Грасли објави други записи што открија дека Смит побарал ограничени „записи од повици“ од мобилните телефони на осум републикански сенатори и еден претставник во деновите пред нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.

Двајца други агенти од тимот на Смит, Блер Толеман и Дејвид Гајст, беа известени за нивните отпуштања во понеделник, но тие одлуки подоцна беа поништени, велат четири извори. Толеман сега е распореден во канцеларијата во Чикаго, додека Гајст, кој беше помошник специјален агент во Вашингтон, е распореден во Единицата за брза реакција. Оставките на неколку други агенти исто така прво беа доставени во понеделник, а потоа поништени, според два извори.

Ројтерс не можеше да ги дознае причините за промената на одлуката на ФБИ, чиј портпарол не беше достапен за коментар.

Три извори потврдија за Ројтерс дека уште двајца агенти на ФБИ вклучени во прегледот на евиденцијата за повици на пратениците биле отпуштени во октомври. Од јануари, десетици агенти, обвинители и помошен персонал кои работеле на истрагата на Смит или на случаите поврзани со нападот од 6 јануари се отпуштени од Министерството за правда.

Поранешниот вршител на должноста директор на ФБИ, Брајан Дрискол, и поранешен шеф на теренската канцеларија во Вашингтон ги тужеа директорот на ФБИ, Кеш Пател, и Министерството за правда откако беа отпуштени претходно оваа година. Во тужбата се тврди дека Белата куќа вршела притисок врз ФБИ да отпушти луѓе вклучени во случаи поврзани со Трамп.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Украина доби нова софистицирана воена опрема од Германија

Објавено пред

Од

Украина доби нови американски системи за воздушна одбрана „Патриот“ кои ќе ѝ помогнат да се одбрани од секојдневните руски напади, потврди претседателот Володимир Зеленски, пренесува „Еуроњуз“.

dobivaj vesti na viber

„Повеќе системи ‘Патриот’ сега се во Украина и веднаш се распоредуваат“, рече Зеленски. „Секако, потребни се повеќе системи за заштита на клучните инфраструктурни објекти и нашите градови низ целата територија на нашата земја“, додаде тој.

Зеленски посебно им се заблагодари на Германија и на канцеларот Фридрих Мерц за испораката. Софистицираните системи „Патриот“ се сметаат за најефикасно оружје против руските ракети. Украинскиот претседател долго време апелираше до западните партнери да испратат повеќе системи, но испораките беа забавени поради ограничувањата во производството и потребата сојузничките земји да одржуваат свои залихи.

Пред три месеци, Германија објави дека ќе испорача уште два системи „Патриот“ на Украина, откако доби гаранции од Соединетите Американски Држави дека ќе добие нови системи како приоритет за да ги надополни сопствените залихи. Германското Министерство за одбрана вчера соопшти дека Берлин ѝ дал на Украина повеќе системи „Патриот“ од сопствените вооружени сили отколку која било друга земја.

Покрај „Патриот“, Германија испорачала и други системи за воздушна одбрана од различен дострел, како што се „ИРИС-Т“ и „Скајнекс“. Испораките на оружје во Украина се координирани од НАТО, а европските сојузници и Канада купуваат голем дел од нивната опрема од Соединетите Американски Држави. За разлика од претходната администрација на Бајден, администрацијата на Трамп не испорачува оружје во Украина.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Го тепал со метална шипка, раце и нозе речиси половина час, па го оставил да искрвари на скали: eден осомничен за убиство во дојранско Сретеново

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило...

Економија45 минути

Андоновски: Е-трговијата веќе не е алтернативен, туку доминантен економски модел

Владата на Република Македонија ја потврдува својата посветеност кон унапредување на електронската трговија како двигател на економијата, преку спроведување на...

Македонија58 минути

(Фото) Гаши се сретна со досегашните претседатели на Собранието: Организирањето вакви средби за размена на искуства и мислења ќе бидат од големо значење

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, организира средба на која беа поканети досегашните претседатели на Собранието. Средбата...

Топ1 час

(Фото) Пронајдена дрога во возило во Тетовско, двајца уапсени

Вчера во 21:00 часот на регионален пат Тетово – Скопје, на влез за село Желино, тетовско, полициски службеници од Полициската...

Македонија1 час

Герасимовски: Во следните денови поставуваме мерачи за бучава на 30 локации

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, на средбата со раководителите на сектори дискутираа за проектите што е предвидено да се...

Европа3 часа

(Видео) Масовни напади со дронови во Русија: една од најголемите рафинерии во пламен

Ноќеска, украински беспилотни летала нападнаа голем број индустриски и енергетски објекти длабоко на руска територија, предизвикувајќи пожари во рафинерии и...

Европа3 часа

(Видео) Украинец преживеал некои од најжестоките битки во војната: убиен на церемонијата на доделување медали

Елитниот украински пилот на беспилотни летала Володимир Свјатненко, познат по неговиот повикувачки знак „Знахар“, кој преживеал некои од најжестоките битки,...

Свет4 часа

Кина спроведува најголемо воено засилување во светот, тврдат Австралијците

Работата на австралиските одбранбени сили за заштита на поморските трговски патишта, вклучително и оние низ Јужното Кинеско Море, станува сè...

Регион4 часа

Вучиќ: Знаеме дека двајца снајперисти се во Белград, не можеме да ги најдеме веќе три дена

Српскиот претседател Александар Вучиќ, гостувајќи во емисија на домашен медиум, изјави дека обоената револуција не успеала. Тој тврди дека блокадерите...

Свет5 часа

Блокадата на владата ја остави Америка без контролори на летање: летовите се одложени со часови

Повеќе од 3,2 милиони американски патници се соочуваат со одложувања и откажувања на летови, бидејќи отсуствата на контролорите на летање...

Европа5 часа

(Видео) Работник спасен од урната средновековна кула во Рим по 11 часа, починал во болница

Работникот кој беше заробен под урнатините на кулата Торе деи Конти во центарот на Рим повеќе од 11 часа почина...

Македонија18 часа

(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од вториот круг на локалните избори

Државната изборна комисија попладнево ги соопшти првичните официјални резултати од вториот круг на локалните избори. Гласањето како што информираше претседателот...

Топ19 часа

Уапсен е возачот кој денеска со „пасат“ усмрти велосипедист на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје и побегна од местото

Денеска (03.11.2025) во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.К.(37) од Скопје. Тој околу 12:30 часот...

Македонија22 часа

За вакцинација против сезонскиот грип досега пријавени над 76 илјади граѓани, почна и вакцинацијата со комерцијалните вакцини за 700 денари

Министерството за здравство информира дека за вакцинација против сезонскиот грип за ризичните категории населени досега се пријавени над 76 илјади...

Македонија23 часа

(Видео) Мисајловски: Со освоени 54 општини и градот Скопје, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие локални избори

Со освоени 54 општини и градот Скопје, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие локални избори. А владината коалиција, на овие...

Македонија1 ден

Претседателот на општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров поднесе оставка

Претседателот на општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров, Костадин Ацевски, поднесе оставка поради лошите резултати на локалните избори. Според...

Македонија1 ден

Александар Стојкоски го доби уверението за втор мандат како градоначалник на општина Ѓорче Петров

Општинската изборна комисија денес официјално му го врачи уверението за избор на Александар Стојкоски за градоначалник на општина Ѓорче Петров,...

Македонија1 ден

Глобален индекс на мирот 2025: Русија најнебезбедна земја во светот, Македонија на 51. место

Институтот за економија и мир (IEP) го објави својот годишен глобален индекс на мирот, сеопфатна анализа што рангира 163 земји...

Топ1 ден

Уапсен возач во Скопје: прегазил пешак и избегал од местото на несреќата

Вчера во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Димитрие Чуповски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген тигуан“...

Македонија1 ден

Во двор во семејна куќа во Битолско организирани борби со кучиња: поведена постапка против двајца

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица за кривично дело – Убивање и мачење животни од член 233...