Македонија
Средби на Вељаноски со австралиски парламентарци
Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, во рамки на петдневната посета на Австралија се сретна со членовите на Комисијата за надворешни работи и трговија на австралискиот парламент, со која претседава Мајкл Денсби, со заменик-лидерот на опозицијата Џули Бишоп, и со пратеникот Хери Џенкинс.
Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, во рамки на петдневната посета на Австралија се сретна со членовите на Комисијата за надворешни работи и трговија на австралискиот парламент, со која претседава Мајкл Денсби, со заменик-лидерот на опозицијата Џули Бишоп, и со пратеникот Хери Џенкинс.
На средбата членовите на комисијата се интересирале за членството и придонесот на Македонија во НАТО и неговите мировни мисии, како и приоритетите на земјата во однос на добивање датум за пристапни преговори со ЕУ, потоа состојбата со човековите права во Македонија и соседните земји и во оваа насока и регионалните извештаи на Хелсиншкиот комитет посветени на малцинските права, економската состојба и главните развојни сектори во Македонија, стапката на невработеност, земјоделството и влијанието на климатските промени врз околината.
На средбата со Бишоп, заменик-лидер на опозицијата и министер за надворешни работи и трговија во сенка, претседателот Вељаноски се осврнал на билатералните односи меѓу Македонија и Австралија и признавањето на уставното име во билатералната комуникација, како и на можноста за отворање на амбасада на Австралија во Скопје. Дополнително, Вељаноски се осврнал и на еден од стратешките приоритети на Македонија – членство во НАТО, истакнувајќи го придонесот на земјата во мировните мисии во Авганистан.
Бишоп го потврди значајниот придонес на Македонија во мировните мисии на НАТО. Во однос на отворање на амбасада во Македонија и признавањето под уставното име, таа истакна дека со оглед на тоа што е во опозиција, писмено ќе се обрати до министерот за надворешни работи и трговија, штом ќе биде назначен.
Соговорниците ја поздравиле одлуката на австралиското МНР за исфрлување на терминот Славомакедонци наметнат со Директивата од 1994 и воведување на терминот Македонци во сите официјални документи. На крајот на средбата претседателот Вељаноски ја покани Бишоп да ја посети Македонија, за да ја запознае земјата од која доаѓа Македонската заедница во нејзината изборна единица.
На средбата Џенкинс станало збор за придонесот на Македонската заедница во австралиското општество, при што тој ги споделил впечатоците од неговата официјална посета на Македонија, особено нагласувајќи ги вредностите на мултиетничкото општество во земјата. Во однос на парламентарната дипломатија, Џенкинс истакна дека истата е одличен механизам за постигнување на целите и за разрешување на прашања кои ги засегаат гласачите.
Пратеникот Џенкинс се осврнал и на размената на студентите, особено на релација Австралија-Македонија, како и на имплементација на Договорот за одбегнување на двојно оданочување меѓу двете земји.
Членовите на македонската собраниска делегација го посетија соборниот храм „Св. Климент Охридски“ каде остварија средба со Македонската заедница во Канбера. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

