Свет
Ранет пот претседателот на Абхазија
Потпретседалот на поранешната грузиска автономна покраина Абхазија е ранет во четврток наутро во неговиот дом врз кој напаѓачи фрлиле граната, јавува Reuters повикувајќи се на изјава од абхазиски функционери
„Потпретседателот Александар Анкваб е ранет од парчиња од гранатата во неговата куќа во Гудаутскиот регион. Неговиот живот не е во опасност“, изјавил главниот обвинител на Абхазија, Сафар Миканаба.Абхазискиот претседател Сергеј Багапш изјавил дека нападот е обид да се дестабилизира регионот, иако, како што пренесува Интерфакс, се уште не е јасно кој стои зад нападот.Истрагата за нападот врз куќата на абхазискиот потпретседател ја води заменикот министер за внатрешни работи Рамин Габлаја, пренсува РИА Новости.Врз Анкваб ова е четврти атентат. Два неуспешни атентата врз него се извршени во 2005 г. и еден во 2007 г. Абхазија прогласи независност во 2008 г. по петдневната војна меѓу Грузија и Русија поради другата грузиска автономна покраина која прогласи независност, Јужна Осетија.Александар Анкваб во 1991 г. беше избран за претеник на Врховниот совет на Абхазија, а во периодот 1992/93 кога неговата земја војуваше за независност со Грузија беше министер за внатрешни работи во владата на Владимир Ардзиниб. Од 1994 до 2000 г. живее во Москава, а откако се враќа во главниот абхазиски град Сухуми ја формира првата опозициска партија Ајатајра и во 2004 г. Имаше неуспешен обид да стане претседателски кандидат, но беше одбиен затоа што пет годиини последоваталн не живеел во Абхазија, па го поддржа актуелнито претсдател Багапш.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала во Јадранското Море
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Хрватска во 21:48 часот вчера вечер.
Епицентарот бил на длабочина од 15 километри во Јадранското Море јужно од Корчула, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Во вторникот, земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во близина на Ливно. Беше почувствуван и во Далмација.
Свет
(Видео) Лавина во Калифорнија: Осум скијачи загинаа, еден е исчезнат
Осум скијачи загинаа, а еден е исчезнат во лавина во планините Сиера Невада во Калифорнија, соопштија властите во среда, во една од најсмртоносните вакви несреќи во историјата на САД. Спасувачите извлекоа шест преживеани по снежната бура што фрли неколку метри нов снег во Сиера во последните денови.
Лавината се случи во 11:30 часот наутро во близина на Касл Пик во Траки, Калифорнија, 15 километри северно од езерото Тахо, и затрупа група скијачи.
Преживеаните се засолниле под церади и комуницирале со спасувачите преку радио и СМС-пораки. Скијачите завршувале тридневно патување со водич. Во групата имало 11 од нив и тие престојувале во колиби на надморска височина од 2300 метри.
Сиера Невада добива повеќе од 9 метри снег во типична зима, што ја прави едно од најснежните места на западната хемисфера. Во текот на изминатите десет години, лавините во САД убиле просечно 27 луѓе годишно, според Центарот за лавини во Колорадо.
Свет
Десетина демократи ќе го бојкотираат говорот на Трамп за состојбата на нацијата
Група демократски сенатори и пратеници најавија дека нема да присуствуваат на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп за состојбата на нацијата, туку ќе организираат собир на отворено како протест против неговата политика.
Настанот под наслов „Народен говор за состојбата на нацијата“ ќе се одржи во близина на Капитол, непосредно пред обраќањето на Трамп. Меѓу најавените учесници се сенаторите Џеф Меркли, Крис Марфи и Крис Ван Холeн, како и неколку пратеници од Претставничкиот дом.
Од Белата куќа реагираа дека не е изненадување што демократите одбиваат да ги поддржат политиките на републиканците, вклучително и иницијативите за даноци и депортација на имигранти.
Демократите тврдат дека Трамп го користи говорот како политичка платформа наместо како момент за обединување на нацијата. Дел од нив ќе присуствуваат во Конгресот, но планираат да изразат незадоволство на други начини.
Годишниот говор за состојбата на нацијата првпат го одржал Џорџ Вашингтон во 1790 година, а со текот на времето се претворил во значаен политички настан.

