Македонија
Груевски:Споменикот во Кисела Вода личи на Тодор Александров
Споменикот во Кисела Вода, наречен Македонскиот војвода на коњ, е правен по ликот на Тодор Александров, и уметникот воопшто не згрешил што се инспирирал од тој лик.
Ова е ставот на премиерот Никола Груевски за поставувањето на споменикот во Кисела Вода, искажан во сабота по предавањето во употреба на лаборатија на Институтот за патологија.
„Очигледно е дека станува збор за ликот на Тодор Александров. Во Македонија треба да престане табуизирањето и стереотипизирањето на историските личности и настани. Македонија има различни историски личности кои што на различен начин придонеле за денешната државност, самостојност и за она што го имаме – Република Македонија. За жал, некои од нив беа многу етикетирани, на некој начин анатемизирани во историјата и денес за едни велиме дека биле полоши за други дека биле подобри, за едни дека правеле вака или онака. Всушност, најголемиот број од нив се бореле за Македонија“, рече Груевски. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

