Свет
Траги од кокаин на парите во САД и Канада
Во истражувањето што го објави лондонскиот дневен весник Indipendent, на девет од 10 банкноти на долар во светот имало траги од кокаин
Книжните банкноти останувале контаминирани од кокаин доколку дрогата се шмрка од „замотана“ банкнота или ако со парите ракуваат дилери на дрога во текот на купопродажбата.
Новото истражување, спроведено дури во 30 земји, покажало дека најголем процент на пари „загадени“ со кокаин имало во големите градови во САД и Канада. Во Вашингтон, на пример, тој изнесувал 95 проценти, додека најмал индекс имало во Кина и Јапонија – нешто помалку од 20 отсто.
Според истражувањето, „најчисти“ пари биле собрани од Солтлејк сити.
„На мое изненадување, ние наоѓаме се’ повеќе и повеќе траги на кокаин врз книжните банкноти. Ова може да е поврзано со економската рецесија“, изјавил за весникот Indipendent, д-р Југанг Зуо, еден од истражувачите, кој појаснил дека кога луѓето се под стрес, често се свртуваат кон наркотиците.
Д-р Зуо ги презентирал податоците на годишното собрание на Американското хемиско здружение во Вашингтон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

