Македонија
Најавен штрајк на сточарите за в среда

Сточарите за в среда најавуваат протест поради „неисплаќање на средствата за одземените грла, кои се заболени од бруцелоза и туберкулоза“.
Сточарите за в среда најавуваат протест поради „неисплаќање на средствата за одземените грла, кои се заболени од бруцелоза и туберкулоза“. Во соопштението од Федерацијата на Фармери информираат дека протестот ќе се одржи пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. „Федерацијата на фармерите на Република Македонија неколку пати бараше исполнување на законската обврска на МЗШВ за рефундирање на средства за одземените грла од сточарите, кои се заболени од бруцелоза и туберкулоза според годишната наредба за здравствена заштита на животните за 2009 год. Сточарите побараа средствата да бидат исплатени најдоцна до 22 декември и бидејќи тоа не е направено од страна на ресорното министерство тие со протест ќе го изразат својот револт“, се вели во соопштението“.Вкупните побарувања на сточарите изнесуваат 61.007.400 денари (околу милион евра). Се закануваат, доколку средствата не бидат исплатени, наредната година нема да дозволат одземање на грлата, што според нив, ќе се одрази на здравствената состојба на животните и помасовно ширење на болестите во сточарството. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Министерството за здравство информира дека сите граѓани имаат можност да пријават сознанија за евентуални неправилности во врска со вршењето кардиолошки и кардиоваскуларни интервенции преку алатката „Пријавете неправилност“, достапна на веб-страницата на Министерството за здравство.
„Транспарентноста во секој процес е наш приоритет, така што кон секоја пријава на каква било неправилност во здравствениот систем пристапуваме со максимална одговорност и постапуваме во согласност со законските процедури. Токму затоа потсетувам дека преку оваа алатка на веб-страницата на Министерството граѓаните може да пријават и сознанија за евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции. Министерството за здравство останува посветено на унапредување на здравствениот систем, а наш приоритет се здравјето и безбедноста на пациентите“, истакна министерот за здравство, Азир Алиу.
Пријавувањето е доверливо и по секоја пријава се постапува во согласност со законските процедури.
Потсетуваме дека веќе почна со работа интерната комисија задолжена за изготвување прелиминарна анализа на кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции во здравствените установи во државата. Наодите од анализата на интерната комисија ќе бидат најбргу што доставени до стручната комисија составена од странски експерти.
Истовремено, Министерството за здравство испрати допис до јавните здравствени установи да достават податоци за вкупниот број извршени процедури и операции за периодот јануари 2022 – август 2025 година за извршени интервентни кардиолошки процедури, како што се коронарографии и стентирања, васкуларни ангиографии и кардиохируршки/васкуларни операции.
Македонија
Шалтерите за наплата во „Водовод и канализација“ – Скопје утре ќе работат од 7.30 до 15.30 часот

ЈП Водовод и канализација – Скопје, ги известува корисниците дека утре, четврток, по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица, шалтерите за наплата, шалтерите за рекламација и операторите во Дирекцијата на претпријатието ќе работат од 07:30 до 15:30 часот.
В петок, 29.08.2025 година, се продолжува со редовно работно време.
Македонија
(Фото) Нови и зајакнати услови за идните ИТ-таленти од училиштето „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром

ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ во општина Аеродром доби нов, целосно опремен кабинет по информатика со поддршка од Државниот завод за статистика.
„Ова училиште беше избрано за ваква поддршка поради континуираните успеси на учениците, кои во изминатите години имаат освоено бројни државни и светски награди по информатика и математика“, велат од Општината.
На свеченото примопредавање на кабинетот присуствуваа в. д. градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески и директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков.
„Општина Аеродром и училиштето упатуваат голема благодарност до Државниот завод за статистика за препознавањето и поддршката, кои претставуваат значаен поттик за учениците и наставниците во нивната посветеност кон знаењето, иновациите и новите технологии“, се додава во соопштението на Општината.