Свет
ФСБ загрижен од употребата на Скајп, Џимејл и Хотмајл
Руската Федералната служба за безбедност (ФСБ) на владината агенција за телекомуникации и’ соопшти дека е загрижена од уппотребата на дел од интернетските услуги.
Како што пишува во саботата РИА Новости, еспертите на ФСБ изразиле загриженост бидејќи станува збор за странски кодирани програми кои ги попречуваат истрагите на Бирото и дека неконтролираната употтреба на сервисите, како што се Gmail, Hotmail и Skype, може да ја загрозат националната безбедност.„Неконтролираното користење на овие услуги може да доведе до закана од големи размери за безбедноста на Русија“, изјавил началникот на центарот на ФСБ за заштита на информациите и специјалните врски, Андреј Андреечкин. По оваа негова изјава повеќе на западот се коментира дека во Русија се јави загриженост дека некои високи функционери би се обиделе да го ограничат пристапот до интерент за да може да се спречат можни протести пред претседателските избори во 2012 г. Меѓутоа, рускиот мионистер за комуникации Игор Шоголев, изјави дека владата во никој случај не планира да ги забрани споменатите интернет услуги кои се особено популарни во Русија. Исто така, и претседателто на Советот на претседателот Дмитриј Медведев за развој на граѓанското општество, Михаил Фелотов, соопшти дека нема никаква можност да се спречи употребата на овие сервиси, и дека во руското законодавство не постојата такви одредби. Покрај тоа, по изјавата на Андреечкин од петокот во врска со интернет услугите, заменикот на министерот за комуникации, Илја Масух изјавил дека од ФСБ било изнесено лично мислење а на државна политика. Со што се демантира информацијата на Reuters кој повикувајќи се на неименуван извор од Кремљ цитира дека соговорникот изјавил дека „предлогот на ФСБ е толку радикален, што воопшто и не треба да се коментира“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

