Македонија
Дуел Иванов-Фрчкоски
Прашањето за решавањето на разликите за името и влезот на Македонија во НАТО го одбележаа почетокот на првиот ТВ дуел претседателските кандидати
Прашањето за решавањето на разликите за името, односно влезот на Македонија во НАТО го одбележаа почетокот на првото телевизиско соочување на претседателските кандидати Ѓорге Иванов и Љубомир Фрчкоски.Фрчкоски, кандидат на СДСМ, тврди дека преговори за името „воопшто не се водат“ и порача дека Македонија треба да го реши прашањето и да стане членка на НАТО на есен.
„Оваа влада со антиквизацијата успеа да ги урне нашите меѓународни позиции“, обвини професорот Фрчкоски
Тој вети решение за името „Без никакво допирање на македонскиот национален идентитет, напротив со негова гаранција и без промена на усатвнот име на државата“.
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Иванов ги отфрли обвинувањата дека Македонија е изолирана, тврдејќи – „Нашите пријатели се со нас“.
„Правиме се да направиме компромис, кој ќе биде разумен, а не понижувачки“, рече професорот Иванов.
Тој истакна дека Македонија останува посветена на НАТО и рече „Јас како претседател ќе направам се војниците што беа вратени од Ирак да ја засилат нашата мисија во Авганистан“
Кандидатите на власта и опозицијата во текот дуелот неколку пати беа на границата на лични навреди.
Иванов и Фрчкоски одат во вториот круг на претседателските избори закажан за 5 април, како двајца најдобро пласирани во првиот. Иванов во првиот круг освои над 343 илјади,а Фрчкоски над200 илјади гласови.крај/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски објави видео од изградбата на автопатот Тетово – Гостивар
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, објави видео од градежните активности на автопатот Тетово – Гостивар.
„Интензивно се работи на автопатот Тетово – Гостивар. Силна динамика во комплетирањето на автопатското решение на Коридорот 8. Ја градиме Македонија“, напиша вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил и објави видео од изградбата.
Македонија
Одземени 7.107 парчиња пиротехнички средства на скопски Бит Пазар
Во акциска контрола за сузбивање на нелегална продажба на пиротехника се одземени 7.107 парчиња пиротехнички средства на скопски Бит Пазар, следува соодветна пријава, соопшти МВР.
Денеска (08.12.2025) полициски службеници, на влезот на Бит Пазар, пронајдоа 7.107 парчиња пиротехнички средства, кои биле поставени на три импровизирани тезги.
Пиротехничките средства се одземени и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата кои ги продавале, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
„И во наредниот период МВР ќе продолжи со преземање на мерки и активности за спречување на нелегалната трговија со пиротехника. Апелираме до граѓаните доколку забележат лица кои продаваат пиротехнички средства, да пријават во полициска станица или на телефонските броеви 112 и 192“, се наведува во соопштението.
Македонија
Гужви на границите, Богородица и Меџитлија се блокирани за влез и за излез
Од 11:00 часот сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е блокиран за влез и излез. На ГП Ники (Меџитлија) сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси, информира АМСМ.
На ГП Дојран сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет се очекуваат задржувања за влез во државата.
„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Дојран, времето на чекање за излез од државата изнесува 30 минути. На граничниот премин Табановце, времето на чекање за излез од државата изнесува 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, информира АМСМ.

