Свет
Британски војник, убиен во Авганистан
Британски војник е убиен во експлозија на бомба денес додека патролирал во јужен Авганистан
Британски војник е убиен во експлозија на бомба денес додека патролирал во јужен Авганистан, соопшти британското министерство за одбрана. Инцидентот се случил во провинцијата Хелманд, каде што се стационирани британските трупите и е нивна 20-та жртва за овој месец. Војникот бил во возило на патролата кога се случила експлозијата. Oткако е почнат конфликтот во 2001, вкупно 189 британски војници загинаа во Авганистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху се заканува: Доколку се прекине примирјето, ќе ескалираме до интензивна војна
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху навести можност за враќање на интензивното војување доколку се прекрши договорот за прекин на огнот со Либан кој стапи во сила во средата, јавува Анадолија.
„Ако договорот биде прекршен, ќе ескалираме до интензивна војна“, рече Нетанјаху во интервју за израелскиот канал 12, додавајќи:
„Го нарекувам прекин на огнот затоа што не ја прогласив војната за завршена“.
Израел неколкупати го прекрши договорот за прекин на огнот од средата, соопшти либанската армија.
Според условите на прекинот на огнот, Израел ќе ги повлече своите сили јужно од де факто границата на Сината линија во фази, додека либанската армија ќе ги распореди своите сили во јужен Либан во рок од 60 дена.
Спроведувањето на договорот треба да го следат Соединетите Американски Држави и Франција.
Повеќе од 3.960 луѓе се убиени и повеќе од 16.500 повредени во израелските напади во Либан, а повеќе од еден милион раселени од октомври минатата година, според либанските здравствени власти.
Свет
Лидерот на Хутите повика на ескалација против Израел
Лидерот на јеменските Хути повика на ескалација против Израел од Јемен и Ирак, откако стапи на сила договорот за прекин на огнот меѓу нивниот сојузник Хезболах и Израел.
Телевизијата Ал Масира ја пренесе следнава изјава на Абдел-Малек ал-Хути: „На ниво на оската на отпорот, важно е да се надоврзе на она што го постигна либанскиот фронт и да ескалира понатаму, особено на ирачкиот и јеменскиот фронт“.
„Ирачкиот фронт е силен и важен. Има способности кои му помагаат да биде поефективен, со Божја помош, во справувањето со израелскиот непријател“, додаде лидерот на Хутите. Од почетокот на војната во Газа пред една година, Израел е честа мета на проиранските сојузници, таканаречената Оска на отпорот.
Заедно со либанскиот Хезболах и Хамас во Појасот Газа, сојузниците ги вклучуваат милициите во Ирак и јеменските Хути.
Свет
(Видео) Сајбертрак на Тесла удри во ѕид во Америка и се запали, тројца патници загинале на лице место
Сајбер камион на Тесла вчера удрил во бетонски ѕид и се запалил нешто по 3 часот по полноќ во Пиемонт, Калифорнија. Тројца од четворицата патници во автомобилот загинале на лице место.
Еден патник е спасен и хоспитализиран. Полицискиот капетан Крис Монахан рече дека сајбер камионот „прескокнал преку рабникот, удрил во бетонски ѕид и потоа се заглавил меѓу ѕидот и дрвото“.
3 killed, one hurt in fiery crash of @Tesla Cybertruck at King & Hampton in Piedmont, per @piedmontcagov PD. @CHPoakland also on scene. Man in 2nd vehicle following Cybertruck pulled surviving victim out. Cybertruck automatically alerted 911 after wreck pic.twitter.com/rErm11HjUx
— Henry K. Lee (@henrykleeKTVU) November 27, 2024
Сајбертракот испратил автоматско предупредување до полицијата во 3:08 часот, а полицијата во исто време добила пријава од очевидци.
Тие пристигнале на местото на настанот и го затекнале возилото во пламен.
A Tesla Cybertruck crashed in Piedmont this morning, burst into flames, and three victims died inside. Friends said the victims were '23 Piedmont High School grads who were enrolled in college and returned home for Thanksgiving.
Story: https://t.co/JQDgn94Hdm pic.twitter.com/PeJ5pa5bCR— Amy Larson (@AmyLarson25) November 28, 2024
Човекот кој се возел зад Сајбертракот успеал да го спаси единствениот преживеан патник од запаленото возило.
Имињата, возраста и полот на жртвите сè уште не се објавени, а полицијата соопшти дека преживеаниот е во „стабилна“ состојба.
Полицијата се уште не утврди што ја предизвикало несреќата и пожарот.