Свет
Уапсени два талибански гувернера во сенка

Двajца талибански гувернери во сенка, од северниот дел на Авганистан биле уапсени од страна на пакистански власти, соопштил за Associated Press авганистански функционер во четврток
Апсењата биле извршени во време кога било извршено и апсењето на вторито клучен човек на авганистанските талибани, кој беше уапсен во пакистанскиот град Карачи. Овие апсења на неколку клучни фигури од милитантното раководство на талибаните, најверојатно за кусо време ќе претставуваат проблем за талибаните, кои се под притисок на сојузничката офанзива во јужната провинција Хелманд. Мохамад Омар, официјален гувернер на покраината Кундуз, изјавил дека мулата Абдул Салам, талибански лидер во Кундуз и мулата Мохамед исто така талибански гувернер во покраината Баглан, биле уапсени во Пакистан пред десет до 12 дена. Тој додал дека верува дека двајцата се клучни за талибанските активности на авганистанскиот северов и дека само во Кундуз контролираат околу 1.200 борци. Генералот Кабир Андараби, началник на полицијата во покраината Бaглан, изјавил дека апсењето на талибанскиот гувернер во сенка во неговата покраина ќе има позитивен одраз врз подобрување на безбедноста. Тој додал дека мулата Мохамад и повеќе талибански борци ја напуштиле покраината откако пред три седмици во борнбите со силите на НАТО биле убиени 21 талибански бунтовник. Двајцата се сметани за едни од клучните фигури на талибаните кои ги проширија своите активности во северниот дел од Авганистан, каде што се закануваше згоелмување на талибанското влијание на национално ниво.Пакистански разузнавачи изјавиле дека Салам бил уапсен во пакистанскиот град Фејсалабад и дека неговото апсење било изведено по информации добиени од мулата Абдул Гани Барадар, втората командан личност во воената структура на талибаните во Авганистан талибанскиот лидер мула Мохамад Омар.Ниту Вашингтон, ниту Исламабад се’ уште не соопштија прецизни податоци за кога е извршено апсењето на мула Барадар.Талибаните подолго време имаат формирано своја влада во сенка во најнестабилните делови од Авганистан, но во последните години таа го има проширено своето вилјание на север од земјата. Според американското воено разузнавање, талибаните пред крајот на 2009 г., имале формирано влади во сенка во 33 од од вкупно 34 покраини во Авганистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Во нови израелски напади врз Газа убиени најмалку 30 лица

Најмалку 30 лица денеска загинаа во воздушните напади на израелските сили врз Газа, објави Ал Џезира. Од 30 жртви, 28 ги загубија животите во градот Газа.
Израелската армија вчера продолжи со нападите врз Газа, при што загинаа најмалку 91 Палестинец, вклучувајќи цивили кои бегаа од градот Газа, соопштија здравствените власти во Газа.
Израелските сили бомбардирале станбени згради, училишта претворени во засолништа, шатори каде што живеат раселени лица, како и камион што превезувал луѓе кои се обидувале да избегаат од градот Газа по наредба на армијата.
Хамас соопшти дека израелските сили убиле околу 1.700 здравствени работници и заробиле околу 400 од нив откако ја започнале војната во Газа во октомври 2023 година.
Офанзивата продолжува додека 10 земји, вклучувајќи ги Австралија, Белгија, Велика Британија и Канада, треба формално да ја признаат независната палестинска држава во понеделник пред годишната сесија на Генералното собрание на ОН, објави Ројтерс.
Свет
Трамп му се закани на Авганистан

Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа се закани дека „лоши работи“ ќе му се случат на Авганистан ако САД не ја вратат контролата врз воздухопловната база Баграм и одби да ја исклучи можноста за испраќање трупи за повторно заземање на таа база, објави Ројтерс.
„Ако Авганистан не ја врати воздухопловната база Баграм на оние што ја изградија, Соединетите Американски Држави, ќе се случат лоши работи!“, напиша Трамп во објава на Truth Social.
Трамп претходно изјави дека САД се обиделе да ја вратат контролата врз базата што ја користеле американските сили по нападите од 11 септември 2001 година.
Во петокот, тој им рече на новинарите дека разговара за ова со Авганистан. Повлекувањето на американските сили во 2021 година доведе до преземање на американските бази од страна на Талибанците и соборување на владата во Кабул, која е поддржана од САД. Авганистанските власти изразија противење на враќањето на американското воено присуство.
Сегашни и поранешни американски функционери приватно предупредуваат дека повторното освојување на базата Баграм во Авганистан би можело да изгледа како нова инвазија на земјата, за што би биле потребни повеќе од 10.000 војници и распоредување на напредни противвоздушни системи, пишува Ројтерс.
На вчерашното прашање дали ќе испрати американски трупи да ја преземат базата, Трамп одби директно да одговори, велејќи: „Нема да зборуваме за тоа“.
„Сега разговараме со Авганистан и го сакаме назад, го сакаме назад наскоро, веднаш. А ако не го сторат тоа – ако не го сторат тоа, ќе дознаете што ќе правам“, им рече тој на новинарите во Белата куќа.
Пространиот аеродром беше главната база на американските сили во Авганистан за време на дведецениската војна што следеше по нападите на 11 септември 2001 година во Њујорк и Вашингтон од страна на Ал Каеда.
Во базата некогаш се наоѓале ресторани за брза храна како „Бургер Кинг“ и „Пица Хат“ за американските војници, како и продавници во кои се продавало сè, од електроника до авганистански теписи. Таму се наоѓал и голем затворски комплекс.
Експертите велат дека воздухопловната база на почетокот би било тешко да се обезбеди и дека за нејзино функционирање и заштита ќе биде потребна огромна работна сила.
Дури и ако Талибанците прифатат враќање на САД во Баграм по преговорите, базата ќе треба да се брани од бројни закани, вклучувајќи ги и борците на Исламска држава и Ал Каеда во Авганистан. Исто така, таа ќе биде ранлива на закана од напредни ракети од Иран, кој нападна голема американска воздухопловна база во Катар во јуни откако САД извршија напади врз нуклеарните постројки на Иран.
Свет
Стармер ќе објави формално признавање на Палестина како држава

Велика Британија денескa ќе ја признае палестинската држава и покрај притисокот од САД и семејствата на заложниците што ги држи Хамас. Британскиот премиер, Кир Стармер, во јули објави дека Велика Британија ќе ја признае Палестина во септември доколку ситуацијата во Газа не се подобри.
Би-Би-Си објави дека Стармер и министрите од британската влада заклучиле дека ситуацијата на терен се влошила во последните недели и дека ќе го објават признавањето на Палестина во недела попладне.
Признавањето на Палестина е голема промена во британската надворешна политика откако неколку претходни влади тврдеа дека признавањето треба да дојде како дел од сеопфатен мировен договор.
Овој потег предизвика остри критики од израелската влада, семејствата на заложниците и некои конзервативци. Израелскиот Бенјамин Нетанјаху претходно изјави дека таквата одлука „го наградува теророт“.
Најавеното признавање беше критикувано и од водечките американски политичари, кои предупредија дека тоа ќе го зајакне Хамас и ќе ја загрози безбедноста на Израел.
Како што претходно најави португалското Министерство за надворешни работи, и Португалија денес официјално ќе ја признае палестинската држава.
Се очекува уште десет земји да го следат примерот на Португалија на Генералното собрание на ОН.