Македонија
Фондот ќе одреди нови квоти за аптеките
Управниот одбор на Фондот за Здравствено Осигурување на денешната седница донесе одлука за одредување на квоти за аптеките за следните три квартали за 2010 година.
Квотите по нов транспарентен начин и критериуми од Правилникот за квоти за аптеките фондот ќе ги одредува по бројот на жители во одредена општина, број на осигуреници во општината, број на издадени рецепти во 2009 во општината и број на фармацевтски тимови во општината.Основни критериуми при определување на квоти на аптеките кои имаат договор со Фондот се: за фармацевтски тим во аптеката составен од фармацевт со лиценца за работа и фармацевтски техничар со уверение за положен стручен испит или двајца дипломиранифармацевти со лиценца за работа – 3 бода, за секој дополнителен дипломиран фармацевт со лиценца за работа во аптека – 2бода, за секој дополнителен фармацевтски техничар со уверение за положен стручен испит во аптека – 1 бод , да негува добри деловни односи со Фондот (да не е изречена договорна казна или раскинат договор во претходната година) – 1 бод, број на рецепти за издадени лекови на товар на средствата на Фондот во последните 6 месеци.Како што информираат од Фондот со новиот правилник се овозможува минимално еднаш годишно ревидирање на квотите, и тоа по општина, врз основа на податоци со кои располага Фондот за последните 6 месеци. Исто така на сите аптеки во рамките на една општина кои што нема да ги исполнат квотите, истите ќе им бидат намалени, а зголемени на аптеките кои што ги исполниле квотите во иста општина.„Целта на Фондот беше да воведе рамноправен однос кон сите аптеки, бидејќи фактичката ситуација во Република Македонија е дека 85% од постоечките регистрирани аптеки сакаат да склучат договор со ФЗОМ“, велат од ФЗОМ.Истовремено, Фондот укажува дека сите аптеки што доставиле комплетна документација заклучно со петок 26 март 2010 година ќе добијат договор кој што ќе важи од 01 април 2010 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

