Македонија
„Алкалоид“ планира производство на лекови во Србија
Фармацевтската компанија „Алкалоид“планира заедно со српската компанија „Инфарм“ од Земун да започне производство на лекови
Фармацевтската компанија „Алкалоид“планира заедно со српската компанија „Инфарм“ од Земун да започне производство на лекови.
Ова денеска го најави директорот на претставништвото на „Алкалоид“ во Белград, Игор Петров, пренесува Макфакс.
Тој соопшти дека во првата фаза фармацевтската компанија ќе вложи четири милиони евра и ќе вработи најмалку 25 работници.
Во план е во втората фаза да се произведуваат 19 видови на лекови.
Петров посочи дека постои можност за извоз на лекови од Србија во Русија и во други 15 држави, каде што извезува „Алкалоид“.
„Откако ќе го завршиме циклусот на инвестиции, ние бараме да добиеме и статус на домашен произведувач затоа што ќе вработиме околу 70 луѓе“, изјави Петров.
Тој оцени дека во Србија недостасуваат инвестиции од Македонија, и оти Алкалоид ќе поттикне и други фирми да инвестираат во Србија./крај/бе/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

