Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го узурпира уставното загарантирано право на граѓаните
ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со информации дека СДСМ врши притисок врз дел од своите членови да се запишат како болни и изнемоштени и со тоа да можат да гласаат ден пред изборите и оти преку закани и уцени сакаат да ги осигураат гласовите.
ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со информации дека СДСМ врши притисок врз дел од своите членови да се запишат како болни и изнемоштени и со тоа да можат да гласаат ден пред изборите и оти преку закани и уцени сакаат да ги осигураат гласовите.
„Имаме информации дека Социјадемократскиот сојуз, во соработка со лекарите кои се активни членови на оваа партија, спроведува акција за стимулирање и потикнување што повеќе граѓани, по секоја цена да се запишат како болни и изнемоштени. Овие лица според законот треба да гласаат еден ден пред изборите“, укажа Петар поп Арсов од ВМРО-ДПМНЕ.
Овие граѓани, како што рече тој подложни на притисоци и уцени од СДСМ, треба со сигурност да го дадат својот глас за оваа партија на денот на изборите.
Така смета тој дека СДСМ ќе се осигура дека гласовите на овие луѓе нема да отидат за други политички партии.
„За спроведување на оваа акција СДСМ има задолжено по едно одговорно лице кое треба да го осигура полномоштвото на 4 до 5 граѓани, кои треба со сигурност да го дадат својот глас за СДСМ“, рече Поп Арсов.
На овој начин според него СДСМ го узурпира уставното загарантирано право на граѓаните, слободно и непречено да го дадат својот глас на денот на изборите.
„СДСМ има назначено лица- кои што тие ги нарекуваат Капитени, чија главна задача е преку притисоци, уцени, и закани да се осигураат дека нивните членови ќе излезат да гласаат и ќе го дадат својот глас на денот на изборите за Социјалдемократскиот сојуз“, истакна Поп Арсов.
Тој посочи дека СДСМ треба да биде свесна дека ваквите акции се спротивни на законските норми и претставува нарушување на изборниот процес./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нови возила и опрема за „Јасен“ во рамки на проектот за превенција од шумски пожари
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со заменик претседателот на Владата за политички систем, Љупчо Димовски и директорот на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен” – Скопје, Ангеле Сотировски, извршија увид во активностите на проектот WILD-A – Превенција и управување со шумски пожари во прекуграничната област како средство за адаптација кон климатските промени.
Проектот се спроведува во рамките на првиот повик од ИПА III – Програмата за прекугранична соработка со Република Грција, како соработка меѓу четири организации од двете земји. Партнери од македонска страна се ЈПУЗПП „Јасен“ и Балканската фондација за одржлив развој.
Вкупниот буџет за македонските партнери изнесува 458.370 евра, од кои 91.674 евра се обезбедени како национално кофинансирање од Министерството за локална самоуправа.
„Пожарите, особено во летниот период, кои оставаат пустош зад себе, како што сведочевме и минатата година во „Јасен“, предизвикуваат големи еколошки и економски штети. Нашата обврска е навремено да инвестираме во превенција и подготвеност за ваквите штети да ги спречиме, а не само да ги санираме.“, посочи министерот Перински во рамки на посетата.
Преку проектот во областа „Јасен“ се зајакнуваат мерките за противпожарна заштита со набавка на специјализирани возила и опрема, вклучително противпожарно возило со голем капацитет за вода, две теренски возила со интегрирани пумпи, возило за интервенции во мала инфраструктура за заштита од пожари (багер со лопата), оптички систем за надзор со долг дострел како и опрема за мали инфраструктурни интервенции. Како дел од активностите се предвидува и обезбедување научна експертиза, спроведување истражувања за мерки за заштита од пожари и поддршка на кампањи за подигање на јавната свест.
„Со заедничка соработка, знаење, технологија и посветеност, ние не само што ги намалуваме ризиците од шумски пожари, туку ја поттикнуваме интеграцијата, одговорноста и активното учество на локалната заедница.“ истакна Ангеле Сотировски, директор на „Јасен“.
Шумските пожари се сè поголем предизвик во услови на климатски промени, а овој проект носи конкретни решенија за превенција, рана детекција и заштита на биодиверзитетот.
Македонија
Муцунски од Париз: Активна поддршка за извозот на македонското вино на европските и светските пазари
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, а во присуство на македонскиот амбасадор во Франција, Игор Николов и претставници на домашните винарии, вчера во Париз се обрати на настан посветен на промоцијата на македонските вина на меѓународната сцена.
Настанот беше организиран во рамки на работната посета на Париз, со поддршка на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како дел од активностите за унапредување на економската дипломатија и зголемување на извозните можности на државата.
Пред бројни гости од дипломатскиот кор, културниот и јавниот живот, политиката и француската винска индустрија, беше истакнат квалитетот, традицијата и конкурентноста на македонските вина на европските и светските пазари.
Министерот Муцунски нагласи дека македонското вино претставува еден од најпрепознатливите извозни производи на државата и значаен сегмент на економската соработка, посочувајќи дека Министерството ќе продолжи со активна и стратешка поддршка на домашните производители, со цел натамошно јакнење на нивната меѓународна позиција и отворање нови пазарни можности.
Македонија
(Видео) СДСМ: Единаесет дена нема одговор како пет тони дрога поминале граница
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција обвини дека 11 дена нема одговор од институциите за тоа како пет тони дрога вредни околу 40 милиони евра ја поминале македонската граница и завршиле во Србија.
„Единаесет дена јавноста чека одговор. Единаесет дена власта молчи. Како 5 тони дрога, по некои проценки вредни околу 40 милиони евра, ја поминале македонската граница и завршиле во Србија? Кој ќе одговара?“, праша Кузеска.
Таа оцени дека молкот не е случаен и дека, според неа, станува збор за скандал кој „води кон врвот на власта“, обвинувајќи дека некој се обидува да го заташка случајот.
Според Кузеска, наместо одговори, јавноста гледа „дефокус“ и „медиумска магла“, додека премиерот Христијан Мицкоски, кој го нарече македонскиот Мадуро, во јавноста лицитира со количини од 25, 40, па и 100 тони.
Портпаролката на СДСМ постави прашања дали фирмите поврзани со случајот биле нелегални и зошто, доколку е така, не била направена навремена контрола, како и дали државата ги субвенционирала и дали постои ризик од евентуални отштети.

