Македонија
Почнуваат уписите на државните факултети
Првиот уписен рок на државните високо образовни институции во државата за студентската 2009/2010 година започнува денеска, соопшти Министерството за
Првиот уписен рок на државните високо образовни институции во државата за студентската 2009/2010 година започнува денеска, соопшти Министерството за образование и наука.
Годинава на државните факултети во Македонија има место за упис на 23.558 бруцоши. На 63 факултети на петте државни универзитети се предвидени 14.578 места за редовни студенти, во квотата со кофинансирање се обезбедени 6.208 слободни места, како и 2.772 слободни места за студентите кои вонредно ќе ја следат наставата.
Министерството информира дека на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје има 10.626 слободни места за бруцошите. На 21 факултет на универзитетот има 7.017 места за студентите кои редовно ќе ја посетуваат наставата, а во квотата со кофинансирање има 2.659 слободни места. За студентите кои вонредно ќе ја посетуваат наставата се обезбедени 950 слободни места. Документи за прием во првиот уписен рок, идните студенти ќе можат да поднесуваат и во вторник.
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, располага со 3.507 слободни места на 11 факултети. Универзитетот обезбеди 1.956 слободни места за редовните студенти, како и 1.119 слободни места за квотата со кофинансирање. За бруцошите кои вонредно ќе ја посетуваат наставата се обезбедени 432 слободни места. Документи за прием во првиот уписен рок, идните студенти ќе можат да поднесуваат и во вторник.
На универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип има 4.940 слободни места. На 14 факултети на универзитетот има место за 3.142 бруцоши кои ќе се запишат во квотата на редовни студенти. Во квотата со кофинансирање има 1.028 слободни места, а во квотата на вонредни студенти 770 слободни места. Документи за прием во првиот уписен рок, идните студенти на овој универзитет ќе можат да поднесуваат до среда.
Државниот универзитет во Тетово, располага со 4.360 слободни места. На 12 факултети на овој универзитет има 2.338 слободни места во квотата на редовни студенти, како и 1.402 места во квотата со кофинансирање. За студентите кои ќе се одлучат вонредно да ја следат наставата се обезбедени 620 слободни места. Документи за прием во првиот уписен рок, идните студенти ќе можат да поднесуваат до петок.
Универзитетот за информатички технологии во Охрид, располага со 125 слободни места на пет факултети во квотата за редовни студенти. Документи за прием во првиот уписен рок, идните студенти ќе можат да поднесуваат и во вторник./крај/со/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

