Македонија
Анкета: Македонија е социјално конзервативна средина
Истражувањето покажа дека Македонија е социјално конзервативна средина. Поддршката на про-избор (право на избор во однос на развод, абортус, еутаназија и сексуална ориентација) изнесува 27,05 отсто, додека поддршката за про-живот, неодобрување на горенаведените ставови, изнесува 72,95 проценти
Ова е првпат Македонскиот центар за меѓународна соработка да ги истражува ставовите на граѓаните во однос на животот. Според резултати од истражувањето, многу малку граѓани оправдуваат насилство врз жената, само 3,1 отсто, и врз децата со 6,9 проценти. Притоа, бројноста на граѓаните кои тоа ги оправдуваат бара натамошно внимание на овие прашања. Внимание бара и релативно високото оправдување на тепањето на децата од 19,9 отсто кај етничките Албанци.Ставовите на мажите и жените за родови прашања, вклучувајќи и абортус, се слични и не се разликуваат за повеќе од +/-5 процентни поени, со исклучок на проституцијата.Постојат разлики меѓу етничките Македонци и етничките Албанци, кои се повторуваат меѓу христијаните од православна традиција и муслиманите. Поддршка на про-избор прашањата има меѓу 31,5 отсто од етничките Македонци и меѓу 16 отсто од етничките Албанци. Религиозните граѓани ги поддржуваат про-живот прашањата со 76,22 проценти, а нерелигиозните граѓани со 56,6 отсто. Покрај ваквите ставови, и двете групи имаат слични ставови за другите прашања, на пример во неодобрувањето на проституцијата.Поддршката за про-избор прашањата е најголема во Скопје и таа изнесува 40,12 отсто. На другата страна, најмала е поддршката во руралните подрачја со 77,92 отсто.Не постои значајна разлика врз партиска или идеолошка основа меѓу десницата и левицата, односно меѓу симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Меѓу симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ поддршката за про-живот е 76 отсто, а меѓу симпатизерите на СДСМ е 67,8 отсто. Поголема разлика има само на прашањето на еутаназија.И во религиозноста не се забележува значајна разлика меѓу симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, од кои вмровци 84,9 проценти, односно 79,2 социјалдемократи отсто се религиозни.Податоците од истражувањето покажуваат дека повеќето граѓани 83,3 отсто се религиозни. За нерелигиозни се сметаат 14,8 проценти, а 1,1 се изјасниле за атеисти.Истражувањето било спроведено со теренска анкета во домаќинствата на национален репрезентативен примерок. Анкетата ја изработил Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ), чија одговорност е и методолошката исправност. Анкетата е спроведена во март 2009 г. на репрезентативен примерок од 1.600 испитаници. Популациската рамка на примерокот е население постаро од 18 години, а критериуми за репрезентативност биле: пол, етничка припадност, возраст, место на живеење и региони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

