Свет
Нови 19 детски жртви на свинскиот грип во САД

Од вирусот на грипот A(H1N1) седмицава во САД умреле најмалку 19 деца, што е најмногу за една седмица од почетокот на пандемијата во април, објави американскиот Центар за следење и превенцијана болестите (CDC) од Атланта
Според податоците на CDC од новиот тип свински грип главно страдаат младите луѓе. Во споредба со сезонскиот грип, млдите и децата и натаму се несразмерно повеќе погодени од грипот. Од април во САД се потврдени 114 случаи на педијатриска смрт како последица од инфекција со вирусот A(H1N1), а од тоа половината се во септември и октомври.Кампањата за вакцинација и натаму е следена со проблеми предизвикани од недоволно количество вакцини. Пред клиниките се создаваат огромни редови од луѓе кои чекаат на вакцинирање. На овој проблем се надоврза и недостигот на лекот „тамифлу“ и детски сируп против грип. Американската влада во петокот објави дека на пазарот од државните резерви ќе пласира на пазарот од лекот и сирупот количества за 234 илјади деца. Освен за децата, CDC нема педантна статистика за бројката вкупно починати од избувнувањето на пандемијата.„Не гледаме причина лековите да ги држиме во резерва кога имаме толку многу болни деца“, изјавил директорот на CDC, Томас Фридман. Притоа, на аптеките им е препорачано дел од капсулите „тамифлу“ за возрасни да бидат претворени во сируп за деца. Вакцините за A(H1N1) за потребите на САД ги произведуваат Glaxo и AstraZeneca, со седиште во Лондон, Sanofu-Aventis од Пaриз, Novartis од Базел и CSL од Мелбурн. До средината на ноември може да бидат испорачани 42 милиони вакцини или осум милиони дози помалку колку што беше планирано за истиот период. Америксанските лекари сметаат дека може да се очекува овој грип да продолжи да се јавува во бранови, но засега не предвидуваат колку долго пандемијата ќе трае.Свинскиот грип во САД се прошири на 48 сојузни држави каде има многу случаи на заболени, додека на Хаваи и во Јужна Каролина регистрирана е незначителна бројка инфицирани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Падна француската влада

Францускиот премиер Франсоа Бајру го изгуби гласањето за доверба што самиот го побара за својата влада.
Француското национално собрание гласаше за негово разрешување со 364 гласа „за“ и 194 „против“, со што се собори неговата малцинска влада.
фото: епа
Европа
Францускиот премиер пред заминување: Нашата земја е во голема опасност

Преголемиот долг на Франција го доведува во прашање нејзиниот опстанок, предупреди денес премиерот Франсоа Бајру, пред гласањето за доверба на неговата влада, кое се очекува да го изгуби, што би можело да ја турне втората по големина економија во еврозоната во подлабока криза.
Бајру, четвртиот премиер за помалку од две години, побара гласање за доверба поради акутниот притисок со кој се соочува Франција, со минатогодишниот дефицит кој е речиси двојно поголем од европската граница од 3 проценти од БДП и јавниот долг од 113,9 проценти од БДП.
Тој го предупреди парламентот дека секоја следна влада ќе се соочи со истите проблеми. „Имате моќ да соборите влада, но немате моќ да ја избришете реалноста. Реалноста ќе остане неумолива: трошоците ќе продолжат да растат, а товарот на долгот, веќе неподнослив, ќе стане потежок и поскап“, им рече Бајру на пратениците.
Опозициските партии јасно ставија до знаење дека не се согласуваат со него за тоа како да се справи со долгот и ќе гласаат против малцинската влада на Бајру.
„Клучното прашање, прашање на живот и смрт, каде што е во прашање нашиот опстанок… е прашањето за контрола на нашите трошоци, прашањето за презадолженост“, го предупреди Бајру парламентот.
Падот на малцинската влада, што изгледа веројатно, би можел дополнително да ги продлабочи проблемите на Франција во критичен момент за Европа која бара единство, соочена со војната на Русија во Украина, сè подоминантната Кина и трговските тензии со Соединетите Американски Држави.
„Нашата земја има итна потреба од јасност, има најитна потреба од единство. Но, токму поделбата се заканува да преовлада, а го загрозува нејзиниот имиџ и углед.“
Исходот од гласањето за доверба, по говорите на Бајру и лидерите на сите политички групи, би можел да биде познат околу 19 часот по средноевропско време.
фото: принтскрин
Свет
Шпанскиот премиер: Едно е да ја браниш својата земја, а друго е да бомбардираш болници и да ги изгладнуваш децата

Шпанскиот премиер Педро Санчез денес објави девет мерки против Израел, вклучувајќи ембарго за оружје, со цел „запирање на геноцидот“ што земјата го спроведува во Палестина.
„Едно е да ја браниш својата земја, а друго е да бомбардираш болници и да ги изгладнуваш децата“, рече Санчез во говорот од зградата на владата во Мадрид.
„Не станува збор за одбрана, па дури ни за напад, туку за истребување на народ кој не може да се одбрани. Тука се прекршени сите закони на хуманитарното право“, додаде тој.
Санчез ја обвини меѓународната заедница за соучество во злосторството на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, потсетувајќи дека израелската армија убила 63.000 луѓе, ранила 159.000, изгладнела 250.000 и протерала повеќе од 2 милиони од своите домови.
„Шпанската влада итно ќе усвои мерка за правно регулирање на воведувањето ембарго за оружје врз Израел“, рече Санчез.
Ова ќе забрани купување и продажба на оружје, муниција и воена опрема на Израел. На шпанските пристаништа нема да им биде дозволено да примаат бродови што транспортираат гориво за израелската армија, додека на авионите што транспортираат резерви за израелските вооружени сили ќе им биде забрането да влегуваат во шпанскиот воздушен простор.
„Ќе забраниме влез во Шпанија на сите лица кои директно учествуваат во геноцид, кршење на човековите права и воени злосторства во Појасот Газа“, рече премиерот.
Шпанија, исто така, ќе забрани увоз на сите производи што доаѓаат од израелските населби во окупираниот Западен Брег и Појасот Газа со цел „да се сузбие окупацијата, да се запре присилното протерување и да се олесни решението за две држави“.
фото: принтскрин