Македонија
ФЗОМ ќе покрие уште 400 ин-витро оплодувања во 2009
Фондот за здравствено осигурување на Македонија(ФЗОМ) има средства за уште 400 ин-витро оплодувања за оваа година…
Ова денеска официјално го соопшти ФЗОМ, демантирајќи ги информациите во некои медиуми дека државата повеќе нема пари да ја плаќа оваа услуга. Во соопштението се вели дека Фондот на почетокот на 2009. година склучил договори со “Ре-Медика“, “Мала Богородица – Систина“ и “Ултрамедика“ од Скопје и со “Плодност – Битола“ од Битола, при што секоја болница добила квота за ин-витро што ќе ја покрива државата. Од ФЗОМ додаваат дека ако пред крајот на годината било која здравствена установа ги потроши предвидените со договор надоместоци, а веќе има склучено договори за ин-витро, осигурениците можат или да ја причекаат следната година, или да се обидат во некоја од четирите установи каде не е исцрпен предвидениот број. Одлуката Ин витро постапките да бидат на товар на Фондот до трет неуспешен обид (секој осигуреник има право на три БПО постапки на товар на Фондот), беше донесена од страна на Владата во 2008 година, со цел да се помогне на брачните двојки кои што имаат потреба од биомедицинско потпомогнато оплодување. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

