Македонија
Нови возила за противпожарната единица во Велес
Територијалната професионална противпожарна единица од Велес наскоро очекува засилување со ново возило-цистерна за гасење на пожари.
Територијалната професионална противпожарна единица од Велес наскоро очекува засилување со ново возило-цистерна за гасење на пожари.
Новото возило ќе придонесе за побрзо одговарање на повиците за борба против огнените стихии.
Вкупно 14 цистерни веќе се пристигнати во Центарот за заштита и спасување во Скопје и се чека на нивна распределба.
Велешките пожарникари очекуваат и нови девет цистерни кои ќе бидат набавени во следниве неколку месеци. Тоа ќе бидат тесни возила кои совршено ќе се вклопат во конфигурацијата на теренот на градот и со нив ќе може да се пристигне близу до опожарените места во густо населениот дел.
Засега противпожарната единица од Велес располага со четири цистерни и три теренски возила.
Голем проблем на велешката противпожарна единица претставува и недостигот на работна сила и затоа апелираат до надлежните да им одобрат нови вработувања. /крај/лисица/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

