Македонија
ФИООМ: Децентрализацијата во 2009 назадува во однос на 2008

Децентрализацијата во 2009 година назадува во однос на 2008 година, и од финансиски аспект 2009-та била понеповолна за општините отколку 2008-та година.
Децентрализацијата во 2009 година назадува во однос на 2008 година, и од финансиски аспект 2009-та била понеповолна за општините отколку 2008-та година.Ова се заклучоците на извештајот од следењето на процесот на децентрализација на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) и Центарот за развој на локалната демократија (ЦРЛД).Муса Џафери, Министер за локална самоуправа рече дека фактот што децентрализацијата е се уште провокација за граѓанскиот сектор, за експертската јавност и за меѓународната заедница, сам по себе говори дека овој процес не само што не е заборавен туку постојано бара да биде истражуван.„Може да се констатира дека големите урбани општини кои имаат и поголеми финансиски ресурси по различни основи, главно успеваат да одговорат на проблемите и на предизвиците, но помалите и рурални општини се уште се мачат со ограничените финансиски и административни ресурси, што се одразува на нивната финансиска стабилност и на обезбедувањето на услугите. Генерално на сите им е потребен посилен импулс за потикнување на процесот“, рече тој.Ана Медарска, координатор на проектот, која ги претстави резултатите за задоволството на граѓаните од услугите кои ги добиваат од општините, рече дека средната оцена за задоволството на граѓаните изнесува 2,71. „Испитаниците дадоа највисока оценка за основното образование (3,45), а најниска оценка доби услугата поврзана со домовите за деца без родители“, рече таа. (1,73).Општините според извештајот немаат доволно средства за развојни потреби. „Над 85 отсто од вкупните буџети на анализираните општини се трошат за тековни трошоци и расходи за плати и придонеси“, се вели во него. /крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДИК: Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем

Државната изборна комисија извести дека денес навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем.
На Локалните избори 2025 во Северна Македонија право на глас имаат 1.832.415 граѓани.
Се гласа за вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.
Гласањето на локалните избори започна во 7:00 часот и ќе трае непрекинато до 19:00 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа.
Македонија
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне намалување на облачноста

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Во западните планински региони ќе има услови за слаб дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб, долж Повардарието умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива непречено, по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.