Свет
Викиликс планира да објави документи за рускиот државен врв
Документите кои се очекува интернет сајтот Викиликс да ги објави следните денови содржат непријатни оценки за руската политика и за руските лидери кои би можеле да бидат навредливи за Москва, пишува денеска рускиот весник „Комерсант“.Весникот наведува дека тие откритија на Викиликс би можеле да ги нарушат односите меѓу САД и Русија.Како што се додава, во фајловите се наоѓаат транскрипти од разговорите на американски дипломати и руски политичари, како и извештаи за значајни случувања во Русија и анализа на руската надворешна и внатрешна политика.Стејт департментот претходно соопшти дека оваа недела дека службите почнале да го подготвуваат владиниот интернет сајт околу објавувањето на документи на сајтот на Викиликс.Повикувајќи се на извори од руското министерство за надворешни работи, „Комерсант“ наведува дека руската дипломатија се до вчера не била контактирана во врска со ова прашање./крај/хи/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

