Македонија
Запленет накит на Деве Баир во вредност од 5.000 евра
Царинските тимови запленија различен брендиран накит чијашто вредност се проценува на над 5.000 евра, соопштуваат од Царинската управа.
Царинските тимови запленија различен брендиран накит чијашто вредност се проценува на над 5.000 евра, соопштуваат од Царинската управа.
Завчера попладне за влез во државата на граничниот премин Деве Баир пристигнал автомобил кој што го управувал охриѓанец придружуван од уште еден негов сограѓанин.
На царинска контрола пријавиле дека имаат по некое парче облека во багажникот. При контрола, царинските службеници, во ќесите со облека во багажникот, под седиштата на возачот и совозачот, во фабричките шуплини на седиштата под тапацирот на подот и во касетата помеѓу задните седишта пронашле вкупно 83 парчиња, накит, прстени, брошеви, нараквици, ѓердани.
Накитот бил со ознака на трговските марки Pedroni, Green Master и Cango & Rinaldi. Возачот рекол дека накитот е негов и дека го купил од Бугарија. Против него ќе биде покрената соодветна постапка за утврдување на неговата одговорност. /крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.