Црна хроника
Сообраќајна несреќа кај Лопатица – автобус излета од патот

Сообраќајна несреќа се случи околу 16 часот на магистралниот пат Битола – Кичево пред селото Лопатица.
Според првичните неофицијални информации до кои дојде Телевизија Орбис, се работи за автобус кој сообраќајќи на својата редовна линија од Битола за Кичево кај селото Лопатица поради откажување на воланот изгубил контрола и излетал од патот.Според неофицијалните информации потешко повреден е возачот, а патниците се здобиле со полесни повредни и скршеници. Полицијата во моментов врши увид на местото на несреќата.Од СВР – Битола за ТВ Орбис ја потврдија информацијата за сообраќајната несреќа./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Тешко злосторство во Кавадарци – го убил својот брат, па го закопал во дворот

Четириесет и тригодишен маж е осомничен дека по расправија го убил својот една година помлад брат, а потоа неколку дена се обидувал да го прикрие злосторството.
Како што соопшти Основното јавно обвинителство, убиството се случило вечерта на 27 јули, во дневната соба од домот на жртвата. Меѓу браќата најпрвин избувнала вербална расправија, која завршила трагично – осомничениот неколку пати го удрил својот брат со метален предмет по главата, нанесувајќи му смртоносни повреди.
Во деновите што следеле, осомничениот презел серија чекори за да го сокрие злосторството – ја исчистил крвта од подот и од предметите, а телото го преместил во помошна просторија во дворот, каде што го закопал и го покрил со шперплоча и други предмети, надевајќи се дека нема да биде откриен.
Обвинителството поднесе предлог до судот за определување мерка притвор, со образложение дека постои опасност осомничениот да се обиде да избега или дополнително да уништува докази.
Црна хроника
Со „мицубиши“ удрил во малолетник, па во паркирано возило во Гевгелија

Вчера во 13:10 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека на ул.„Моински пат“ во Гевгелија, патничко возило „мицубиши“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.С.(20) од Гевгелија, удрило во 11-годишен малолетник од Гевгелија, а потоа и во паркирано патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди малолетникот, констатирани во Медицински центар Гевгелија.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Струмица.
Црна хроника
Скопјанец ранет со пиштол: соседи се испотепале поради недоразбирање во сообраќајот

Утрово околу 01:10 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен О.Е.(25) од Скопје.
Според пријавеното, околу 00:30 часот пред дворот од негова куќа на подрачје на Бит Пазар, поради недоразбирање во сообраќајот, настанала расправија помеѓу него и соседот Ќ.Ч., по што соседот физички го нападнал.
Како што е пријавено, после тоа Ќ.Ч. и лицата М.Ч., Ш.Ч., О.Ч. и Б.М. влегле во дворот на О.Е. и физички ги нападнале и неговиот татко и брат Д.Е. и М.Е., при што Ќ.Ч. извадил пиштол, пукал и го погодил О.Е. во градниот кош и раката.
Увид извршила екипа на СВР Скопје и на местото биле пронајдени три чаури. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.