Економија
СДСМ: Наместо владини реклами, да се намали акцизата за бензин

Опозициониот СДСМ денеска повторно ја повика владата да ја намали акцизата за бензините, предлагајќи и на владата да ги укине сите владините рекламите, да ги врати промоторите и да се откаже од намерата за купување на нови автомобили.
Потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски, по денешното најново посакување на бензините ја повика владата да одговори дали се поважни рекламите, промоторите, автомобилите или да поефтинат бензините.„Знаеме дека на Владата многу и одговара бензинот да биде скап и постојано да поскапува зашто така таа си добива повеќе пари во државниот буџет. Премиерот кажа дека нема да преземе ништо за да поефтинат бензините, ама не кажа зошто не презема ништо“, рече Јовановски изразувајќи сомнеж дека нема пари во буџетот.Јовановски истакна дека одговорноста ќе биде на Владата, доколку цената на бензините предизвика бран поскапување. „Работата е сериозна, цената на бензините мора барем малку да се смири пред да експлодираат сите цени и да имаме цунами од поскапувања“, рече Јовановски. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадено јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.