Свет
Шест руски воени бродови пловат кон Сирија
Шест воени бродови од три флоти на Руската, Северната, Балтичката и Црноморската, во вторникот во исто време запловиле на извршување задачи во Средоземното Море, а нивната крајна дестинација е руската поморска база во во сириското пристаниште Тартус, пренесува агенцијата Интерфакс.
„Во вторникот, големиот против-подморнички разурнувач ‘Адмирал Чабаненко’, придружуван од три големи десантни брода исполови од Свероморск во Средоземното Море. Таму ќе им се приклучат патролниот брод ‘Јарослав Мудри’ и неговите придружни патролни пловила од Балтичката флота“, изјавил за Интерфакс неименуван воено-дипломатски извор.
„Во програмата е предвидена посета на сириското пристаниште Таруст, каде што е базата за логистика на морнарицата“, додал соговорникот на агенцијата. Додале дека на бродовите се наоѓаат единици на морнаричката пешадија на Северната флота.
Тој рече дека пловидбата на овие бродови е според плановите за борбена обука на руската воената морнарица, но не и оти е поврзано со влошување на ситуацијата во Сирија.
„Во пристаништето на Тартус бродовите ќе се снабдат со резерви од гориво, вода и храна“, дополнил изворот. Според него, медитеранската турнеја на групата бродови ќе трае до крајот на септември или почетокот на октомври.
Покрај тоа, според соговорникот на агенцијата, истиот ден од пристаништето во Свестопол испловил патролниот брод „Сметливиј“ кој се упатил, исто така, кон Средоземното Море. Негова задача, наводно, била како самостојно да делува во источното Медитеранот, така и како дел од флотилата на Северната и Балтичката флоти. Негова крајна дестинација, исто така, според изворот е сириското пристаниште Тарус. Бродот „Сметливиј“ во среда би требало да мине низ Босфорот и Црноморскиот теснец. По три дена е планирано да пристане во Тартус за да надополни резерви.
Од друга страна, во врска со ситуацијата во Сирија, државната агенција SANA во вторникот пренесе дека сириските погранични сили ноќта на понеделникот кон вторникот спречиле обид за навлегување на сириска територија на „вооружени терористички групи“. Изворот на агенцијата од централната провинција Хомс која се граничи со Либан, рекол дека групите стрелале врз сириските погранични пунктови во областите Џаср ал-Камар и Џиср абу-Сувеу, како и врз пограничните премини Хармуш, Армут, Арид, Нур и Далаја./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанците да останат во својата земја, повика папата Лав Четиринаесетти
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти денеска ги повика Либанците да „останат“ во својата земја, каде што економскиот колапс ја засили масовната емиграција, и повика на „помирување“ за надминување на длабоките поделби во Либан.
Папата, кој дојде во Бејрут од Турција, донесе порака за мир во Либан, земја која стравува од враќање на отворениот конфликт со Израел.
Во говорот во претседателската палата кратко по неговото пристигнување, папата ја нагласи потребата да се работи за „мир“ без да ги спомне регионалните тензии или неодамнешните израелски бомбардирања.
Тој, исто така, ја нагласи потребата властите и институциите да препознаат дека „општото добро е поголемо од доброто на која било група“ и ја повика владејачката класа да „му служи на народот со посветеност и преданост“.
Свет
Зеленски: Ова се важни денови за Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави дека денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Разговарав со Марк Руте и ќе разговараме повторно во наредните денови. Ова се важни денови и многу работи можат да се променат. Тесно се координираме и во нашите активности и во активностите на сите партнери, заедничките акции, заедничките позиции ќе бидат исклучително ефикасни. Ви благодарам за вашата поддршка“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој наведе дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Продолжуваме да бидеме во целосна координација со Европската комисија, благодарен сум за поддршката. Разговаравме за ситуацијата во дипломатијата и имаме заеднички став за клучните прашања. Исто така е важно што Урсула е многу внимателна кон потребата од зајакнување на нашата отпорност во услови на постојани руски напади врз инфраструктурата и енергијата. Ја ценам подготвеноста да ѝ се помогне на Украина!, напиша Зеленски.
Свет
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан во рамки на неговата прва турнеја во странство, објави ДПА.
Светиот Отец пристигна попладнево во либанскиот главен град Бејрут, по посетата на Турција.
Посетата на папата се смета за причина за надеж за мир и стабилност во земјата загрозена од воени конфликти и зафатена од кризи.
Тој ќе се сретне со либанските лидери, ќе посети христијански објекти и ќе одржи литургија. Околу 30 отсто од населението на Либан се христијани, додека мнозинството жители се муслимани.

