Свет
Во судир на два минибуса 20 мртви во ЈАР
Во стравичен судир на два минибуса во Јужноафриканската република, загинале 20 лица меѓу кои и едно дете, а 18 се повредени.Четири деца помади од четири години се во критична состојба по несреќата којашто се случила надвор од градот Мтубатуба.„Шеснаесет лица починале на местото од несреќата, вклучувајќи ги сите патници од едното возило. Четворица починаа во болница“, изјавила портпаролката на јужноафриканската сообраќајна служба, Зинхле Мнгомезулу.Полицијата се’ уште ги истражува причините за тешката сообраќајна несреќа. Првично е познато дека двата минибуса се судриле директно.Вакви несреќи се многу чести на патиштата во Јужноафриканската Република, а причина е многу лошиот јавен транспорт на патници и постоењето на многу нелегални автобуски превозници кои работат со неисправни возила. Дури 860 луѓе ги загубиле животите на патиштата во земјата во само три седмици од овој декември. Секојдневно на патиштата гинат по 40 луѓе во просек, рекол портпаролот на јужноафриканското министерство за сообраќај, Логан Маисри./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На вонредна седница во Србија ќе се расправа за доверба на Владата
Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ потврди дека вонредна седница на Парламентот ќе биде закажана за в среда и дека ќе се расправа за гласање доверба на Владата.
Конечниот дневен ред ќе се знае утре.
Вели дека најважно за неа е пратениците, меѓу другото, да го донесат законот за станбени кредити за млади, кој Владата го испрати во собраниска процедура, а дека за опозицијата е најважно што ќе се расправа за доверба на Владата.
Брнабиќ рече дека тоа ќе било и порано на дневен ред, но дека опозицијата злоупотребила два потписи.
Свет
(Видео) Израелка со македонско потекло е ослободена по 477 дена минати во заробеништво
По 477 дена поминати во заробеништво Наама Леви, Израелка со македонско потекло, беше ослободена од Хамас и вратена во Израел. Таа беше дел од групата четири заложнички кои вчера беа ослободени, а нејзиното спасување ја трогна целата земја.
Леви, која беше киднапирана на 7 октомври 2023 година при нападот на Хамас во Израел, конечно се врати дома благодарение на напорите на израелските власти и поддршката од меѓународната заедница.
„Знаевме дека овој момент ќе дојде. Не се сомневавме. Помина долго време. Очекувавме тоа да се случи и претходно. Но, ова е тоа, тие се враќаат дома“, вели роднина на ослободената заложничка.
По ослободувањето, Леви и другите заложнички беа пренесени со хеликоптер на израелската армија, каде што први ги сретнале нивните најблиски роднини. На видеото што го објави израелската армија, Леви напиша на табла: „Конечно дома“, на англиски и хебрејски јазик.
Македонската врска на Леви потекнува од нејзината чукун баба, Грасиа Бивас, која била родена во Македонија во 1893 година. Баба Бивас, како девојче заминала во Израел, каде што основала семејство и оставила наследство
Свет
Во напад врз болница во Судан загинаа најмалку 70 луѓе
Најмалку 70 луѓе загинаа во напад врз болница во градот Ал Фашер, Судан, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Се работи за напад врз единствената функционална болница во тој град.
Бројката од 70 смртни случаи ја објави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус на социјалната мрежа „Икс“.