Свет
Цената ќе одлучува за дијализерите
Бубрежно
болните пациенти стравуваат дека со тендерот којшто го распиша Фондот за
здравство за набавка на околу 150 000 дијализери, ќе се купат неквалитетни
линии за дијализа.
БУБРЕЖНО БОЛНИТЕ НЕЗАДОВОЛНИ ОД ТЕНДЕРСКИТЕ УСЛОВИ
Бубрежно
болните пациенти стравуваат дека со тендерот којшто го распиша Фондот за
здравство за набавка на околу 150 000 дијализери, ќе се купат неквалитетни
линии за дијализа. Од Здружението на бубрежно болни граѓани "Нефрон"
велат дека во критериумите кои ги одредиле во Фондот при одредување на
најповолната понуда за дијализери 80 отсто влијание ќе има цената на понудите,
а само 20 отсто квалитетот на дијализерите.
"Со тоа се доведува во прашање какви дијализери ќе се набават, односно се
отвора можност пациентите да не добијат квалитетна терапија", велат од
здружението "Нефрон".
Претставници од "Нефрон" вчера беа на разговори и со директорот на
Фондот за здравство Георги Тренкоски, и тој им ветил квалитетни дијализери иако
одлучувачка ќе биде цената. (А.А.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сергеј Лавров: Зеленски со речиси хистеричен тон побара поддршка за неговата формула за мир
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, за време на разговорот со странските амбасадори во Киев за мировната конференција во Швајцарија, со повишен глас, „речиси хистерично“ побара поддршка за неговата мировна формула, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„На крајот на април, зборувајќи пред странските амбасадори во Киев за швајцарската идеја за конференција, според некои учесници, Зеленски поголемиот дел од времето го поминувал хаотично во импровизирање со повишен, речиси хистеричен тон, барајќи поддршка за својата формула за мир како средство за фрлање на Русија на колена“, рече Лавров на прес-конференцијата по министерскиот совет на Шангајската организација за соработка (ШСО) во Казахстан.
Шефот на руската дипломатија истакна дека „личноста која не чувствува потреба да се контролира, почнува да ја кажува вистината“, што укажува дека Москва има можност да добие информации кои „вообичаено не се за објавување“, пренесува РИА Новости.
Свет
ЕУ го одобри првиот закон во светот за вештачка интелигенција
Земјите-членки на Европската унија денеска го одобрија законот кој има за цел усогласување на правилата за вештачка интелигенција, таканаречениот Закон за вештачка интелигенција.
Тоа е прв акт од ваков вид во светот, кој може да постави глобални стандарди за законодавството за вештачка интелигенција, се вели во соопштението на Советот на ЕУ.
Новиот закон има за цел да ги поттикне приватните и јавните актери да развијат и усвојат безбедни и сигурни системи за вештачка интелигенција на единствениот пазар на ЕУ.
Свет
„САД сакаат да распоредат оружје во вселената и да ја направат арена на воена конфронтација“: Русија со обвинувања до САД
Руските власти ги обвинија САД дека сакаат да распоредат оружје во вселената, еден ден откако Советот за безбедност на ОН ја отфрли нацрт-руската резолуција на оваа тема, и по сличното обвинување од Вашингтон до Москва.
Тие обвинувања и контраобвиненија ги оживуваат стравовите, отсутни уште од Студената војна, за можна трка во вооружување и покрај постоењето на договор за вселената од 1967 година кој повикува „да не се развива нуклеарно оружје или кое било друго оружје за масовно уништување специјално за сместување во орбита”.
Портпаролката на руската дипломатија, Марија Захарова оцени дека американското отфрлање на нацрт-резолуцијата покажува дека САД имаат за цел „да го стават оружјето во вселената и да го направат арена на воена конфронтација“.
„Пропуштена е нова можност да се спречи трката во вооружување во вселената по вина на САД и нивните сојузници“, рече Захарова.
Во април, САД и Јапонија претставија своја нацрт-резолуција до Советот за безбедност на ОН за да се спречи милитаризација на вселената, но Русија стави вето, критикувајќи го фактот дека текстот се фокусира само на еден вид оружје, нуклеарното оружје.
Нацрт-резолуцијата претставена од Русија и Кина во понеделникот, која делумно го содржи текстот блокиран во април, исто така ги повикува сите земји-членки да преземат „итни мерки“ за трајно да го спречат поставувањето оружје во вселената и заканата или употребата на сила во вселената.
Сепак, тој нацрт не ги собра деветте гласови потребни за усвојување.
Американскиот заменик-амбасадор Роберт Вуд ја нарече руската иницијатива „лицемерна“, велејќи дека Москва сака „да го одвлече вниманието од нејзините опасни напори да го стави нуклеарното оружје во орбитата“.
Во февруари Белата куќа даде гаранции дека Русија развива антисателитско нуклеарно оружје, обвинувања кои Москва ги отфрли.