Свет
Во воздушен напад на НАТО убиени 15 авганистански бунтовници
КАБУЛ Најмалку 15 бунтовници загинале во воздушниот напад на НАТО во текот на ноќта кон понеделник во јужниот дел на провинцијата Хелманд, пренесува Reuters, повикувајќи се на изјава на портпаролот на Алијансата во понеделник
Американскиот капетан Рајан Доналд, портпарол на од НАТО предводената мисија на Меѓународните сили за помош и безбедност (ИСАФ), рекол дека командата е запозната со обвинувањата за цивилни жртви, но дека тие досега не биле поткрепени со валидни докази.„досегашните извештаи покажуваат дека во нападот се убиени само талибани. Запознаени сме со наводите за цивилни жртви“, рекол капетанот Доналд, додавајќи дека покрај 15-те мртви, уште шест бунтовници биле уапсени.Давуд Ахмади, портпаролот на гувернерот на провинцијата Хелманд, изјавил дека првичните извештаи покажале дека во нападот на НАТО можно е бројката убиени милитанти да изнесува и 25 лица, меѓу кои и двајца талибански команданта. И тој изјавил дека не добил никакви извештаи за цивилни жртви.„Ние немаме информации за цивилни жртви, но се’ уште истражуваме“, рекол Ахмади, додавајќи дека нападот бил зивршен во областа Багран, оддалечен регион во северниот дел на покраината, коде што нема владини сили.Странските сили во Авганистан ги засилија употреба на воздушни напади во последните месеци откако генералот Дејвид Петреус ја презеде командата со американските и НАТО сили во текот на летото. Во повеќе од овие воздушни напади, исто така, има и цивилни жртви што предизвикаа тензија меѓу авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и неговите западни сојузници, кои се под зголемен притисок од домшната јавност за учеството во оваа војна.Полугодишниот извештај објавен од страна на Обединетите нации покажуваше дека бројката на цивилните жртви се искачи до 31 отсто во текот на првите шест месеци од 2010 г., во споредба со истиот период минатата година. Таа бројка сега изнесува 1.271 убиени цивили. Во петокот, НАТО исто така изврши воздушен напад во истиот округ, при што биле убиени неколку бунтовници, како и еден од поважните локални талибански лидери.Според податоците од неделата, во Авганистан официјалната бројка од почетокот на 2010 г. на војници кои ги загубија животите во оваа земја изнесува 599 странски војници. До крајот на годинава останаа уште два месеца а веќе е најкрвавата година и за странските војници и за Авганистанците од уривањето на талибанскиот режим во 2001 г. Имено во 2009 г беа убиени 521 припадник на меѓуанродните воени сили, што беше најцрниот биланс досега. Се проценува дека зголемувањето на жртвите ќе ја отежне и ситуацијата и за американскиот претседател Барак Обама кој во декември треба да ја објави ревизијата на стратегијата за Авганистан.Војната во Авганистан ќе биде важна тема на разговорите во ноември на самитот на НАТО в Лисабон, бидејќи европските членки се под силен притисок на домашните јавности да им го оправдаат натамошното останување на националните контигенти во Авганистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

