Свет
Локацијата на "Меркатор" не е спорна
За двете катастарски парцели каде треба да биде лоциран трговскиот центар на словенечки “Меркатор” нема забрана за располагање со земјиштето, а спорни се повеќе помали парцели, расфрлани на периферните делови на единствената градежна парцела
СКОПСКИ САЕМ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ИЗГРАДБА НА ТРГОВСКИОТ ЦЕНТАР
За двете катастарски парцели каде треба да биде лоциран трговскиот центар на словенечки “Меркатор” нема забрана за располагање со земјиштето, а спорни се повеќе помали парцели, расфрлани на периферните делови на единствената градежна парцела на Скопс
Не постојат никакви пречки “Меркатор” да гради на Скопски саем. За двете катастарски парцели каде треба да биде лоциран трговскиот центар на словенечки “Меркатор” нема забрана за располагање со земјиштето, инфомираат од “Скопски саем”. Надлежните инсистуции веќе ги имаат добиено потребните согласности за изградба на инфраструктурата. Според претседателката на Управниот одбор на “Скопски саем”, Лилјана Кимова времената забрана за располагање се однесува на повеќе парцели, кои не претставуваат целина, туку се расфрлани на периферните делови на единствената градежна парцела на Скопски саем.
“Вкупната површина на оспорените парцели е 16.661 квадратен метар, додека целата градежна парцела на ‘Скопски саем’ изнесува околу 170 илјади квадратни метри. Површината на најмалата оспорена катастарска парцела изнесува околу 88 квадратни метри, додека најголемата е околу 9 илјади квадратни метри, и сите се дел од градежната парцела, каде според Деталниот урбанистички план се предвидува изградба на новите објекти од проектот ‘Ера сити’, вели Кимова и дополнува дека две од парцелите се под веќе изградени објекти. Едната од оспорените парцели се наоѓа под изградената шеста хала на Скопски саем, додека другата е кај економскиот влез на Саемот.
“Парцелите не можат да се состават во цели која држвата ќе ја понуди на тендер, а функционално се неделиви од градежната парцела предвидена со Деталниот урбанистички план”, објаснува Кимова. Оспорените парцели, Скопски саем ги откупил од државата, откако државата ги зела под свое бидејќи се воделе на непостоечки фирми. Купопродажбата на земјиштето добила согланост и од Јавниот правобранител, а и Министерството за транспорт се согласило дека продажбата на земјиштето е во надлежност на Министерството за финансии. Ако купопродажбата се реализирала преку Министерството за транспорт и врски Скопски саем ќе требало да доплати 160 илјади евра.
(Т.Ј.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

