Свет
Бебе прва жртва од свинскиот грип во САД
Aмериканските медиуми денеска соопштија дека во Тексас починало 23 месечно бебе, како последица од заразување со вирусот на свински грип
Директорот на Центарот за контрола на заболувања во САД, Ричард Бесер го потврдил случајот и со тоа официјално 23 месечното бебе е првата жртва на вирусот H1N1 надвород Мексико. Биср не дал дополнителни информации за овој случај, но рекол дека Министерството за здравство во Тексас набрзо ќе објави повеќе информации.„Грипот е сериозна катастрофа за човештвото, а ние сериозно се трудиме да го најдеме изворот и да најдеме лек“, изјавил Биср за американските медиуми, додавајќи дека тие ги превземаат сите мерки за контрола од ширење на грипот.Претседателот на САД Барак Обама на семејството на 23 месечното бебе јавно им се обратил и го искажал своето жалење.Обама истакнал дека федералното собрание ги превзема сите чекори за намалување на ширењето на грипот, и им порачал на локалните медицински служби во САД будно да ја следат ситоацијата зошто на народот му е потребана нивната поддршка. Тој рекол дека се залагаат и будно го следат секој знак на вирусот, залагајќи се за секоја сомнителност да реагираат навремено.Обама побарал од Конгресот дополнителни 1,5 милијарди долари за зајакнување на американскиот одговор на избивањето на свинскиот грип.Американскиот центар за превенција на болестите соопшти за најновиот биланс на заразените: десет случаи во Калифорнија, два во Канзас, 45 во Њујорк, еден во Охајо, шест во Тексас и еден во Индијана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иранско судство: Демонстрантот Ерфан Солтани не е осуден на смрт
Иранското судство ги негираше извештаите дека демонстрантот Ерфан Солтани е осуден на смрт, објавија иранските државни медиуми.
Солтани претходно беше наведен како првиот демонстрант во Иран кој ја доби најстрогата казна од почетокот на сегашните немири.
Неговото семејство претходно изјави дека им било кажано дека егзекуцијата е одложена.
Свет
Иран до Трамп: Не ја повторувај грешката од јуни
Министерот за надворешни работи на Иран го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп да не ја повторува грешката од претходните воени судири, нагласувајќи дека Техеран е подготвен за дипломатија.
„Мојата порака е, не ја повторувајте грешката што ја направивте во јуни. Ќе го добиете истиот резултат“, изјави Абас Арагчи за Фокс њуз, осврнувајќи се на американските напади врз три нуклеарни објекти во Иран како дел од 12-дневната војна меѓу Иран и Израел.
„Знаете, ги уништивте објектите во јуни, но технологијата не може да се бомбардира, ниту решителноста не може да се бомбардира“, рече тој, осврнувајќи се на неодамнешните тензии и ставот на САД кон Техеран. Арагчи истакна дека Иран немал позитивно искуство со САД, но патот на преговорите останува подобар. „Иран покажа дека е подготвен за преговори, подготвен за дипломатија“, рече тој.
„Имаме докази дека во текот на изминатите 20 години, САД секогаш бегале од дипломатијата, ја запирале дипломатијата по војната. Мојата порака е дека помеѓу војната и дипломатијата, дипломатијата е подобар пат. Иако немаме позитивно искуство од Соединетите Американски Држави, дипломатијата е сепак многу подобра од војната“, рече тој.
Свет
Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани е одложена, велат семејството и групата за човекови права
Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани не е извршена вчера, потврдија член на семејството и Хенгав, група за човекови права со седиште во Норвешка.
Сомаје, братучетка на Солтани, која не сакаше да го даде своето целосно име од безбедносни причини, изјави за Си-ен-ен дека егзекуцијата не се случила како што е планирано во текот на денот. Сепак, таа додаде дека не е откажана и дека семејството сè уште чека повеќе информации. Хенгав, исто така, објави доцна во среда дека егзекуцијата на Солтани е одложена.
Според Хенгав, 26-годишниот Солтани бил уапсен во својот дом минатиот четврток. Четири дена по неговото апсење, на неговото семејство му било кажано дека неговата егзекуција е закажана. Веста доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп претходно во среда изјави дека Иран „нема планови за егзекуции“.

