Македонија
Уништени близу 200 кг дрога и 250 парчиња оружје
Запленета дрога во вкупна вредност од околу три милиони евра и поголема количина на запленето оружје уништени се денеска во погонот Челичарница на Макстил во Скопје.
Запленета дрога во вкупна вредност од околу три милиони евра и поголема количина на запленето оружје уништени се денеска во погонот Челичарница на Макстил во Скопје.Во рамки на акцијата беа уништени 167 килограми хероин, 1,7 килограми кокаин, 10,4 килограми суров опиум, 5 килограми марихуана и хашиш – дрога чија што севкупна вредност на нарко пазарот се проценува на околу 3 милиони евра, како и околу 250 парчиња оружје од најразличен тип.“Резултатите говорат дека ако ги споредиме последните четири години со претходните, расте ефикасноста на полицијата кога станува збор за борбата против нелегална трговија со дрога. Има 52 проценти повеќе кривични пријави против лица и 25 проценти зголемување на запленетата количина дрога“, рече министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска Според статистичките показатели, во изминативе четири и пол години откриени се над 2.200 случаи, односно кривични дела од областа на недозволената трговија со дрога при што кривично беа пријавени 2.565 лица. Притоа во посочениот период запленети се околу два тони и 660 килограми разни видови наркотични дроги (1,6 тони марихуана, 493,8 килограми кокаин, 376 килограми хероин, околу 26 килограми опиум и друго во вредност на наркопазарот од над стотина милиони евра. Покрај ова во изминатите четири и пол години откриени се над 1.160 кривични дела од областа на недозволената трговија со оружје, а над 1330 лица беа кривично пријавени, додека пак запленети беа 4.209 парчиња разновидно оружје и поголемо количество муниција. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Корисниците од село Орман денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Средба на Сиљановска-Давкова со професори од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со професори на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје за неопходноста од креирање национален модел на образовна и здравствена политика, во којшто ќе бидат вградени физичката активност и здравите навики кај децата и младите, како гаранција за физички и ментално здрава нација.
За таа цел, деканот на факултетот, Влатко Неделковски, продеканката за настава, Андријана Мисовски и професорите Иван Анастасовски и Серјожа Гонтарев ја запознаа претседателката со предлог проектот, односно со планираните истражувања и временската рамка во којашто ќе се одвиваат (2026-2028), очекуваните резултати и стратешката одржливост.

Соговорниците укажаа на загрижувачките последици од долготрајното седење, гледањето телевизија и прекумерната употреба на дигитални уреди врз здравјето на младите, очигледни во прекумерната тежина, зголемената анксиозност, социјалната изолација и пониската самодоверба.

Тие посочија на научно утврдените придобивки од физичката активност како: поголема мускулна маса, подобра меморија, повисока концентрација, смиреност, полесно учење, повисоки академски резултати.

Претседателката предлага посветување поголемо внимание на предметот Физичко образование во сите степени и форми на образование, од градинка до факултет, практикување интерактивна настава во природа, учење во движење.

Сите веруваат дека инкорпорирањето на физичката активност како неопходен елемент на образовниот процес ќе има силно влијание врз младите и нивниот префериран модел на живот, профилирајќи поактивни, поиздржливи, посвесни и поздрави генерации.
Македонија
До сабота претежно облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд
Облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (локално над 30 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
До сабота времето ќе биде претежно облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Во западните и јужните делови врнежите ќе бидат пообилни (локално над 30 l/m² за 24 часа). Од недела ќе има стабилизирање на времето.

