Македонија
Прв Европски појадок во организација на СЕП
Во организација на Секретаријатот на европски прашања (СЕП), денеска во Скопје се одржа прв Европски појадок, на кој присуствуваа бројни видни личности од јавниот и од политичкиот живот, дипломати, како и претставници на бизнис заедницата.
Во организација на Секретаријатот на европски прашања (СЕП), денеска во Скопје се одржа прв Европски појадок, на кој присуствуваа бројни видни личности од јавниот и од политичкиот живот, дипломати, како и претставници на бизнис заедницата. Целта на овој настан, како што истакнуваат од СЕП, беше на едно место да се соберат сите важни чинители во процесот на европска интеграција на Македонија. „Европската интеграција не е дневна политика и не е предизборна реторика. Европската интеграција е историски процес за нашата држава и за нашите граѓани“, рече Васко Наумовски, вицепремиер за европски прашања. Повикувајќи се на минатонеделната изјава на шефот на шпанската дипломатија, Мигуел Анхел Моратинос, новиот шпански амбасадор во земјава, Жозе Мануел Паз у Аугерас, повтори дека приоритет на претседателството на неговата земја со ЕУ е проширување кон земјите од регионот. „Шпанското претседателство е целосно посветено на заложбите за проширување на Европската Унија и интеграција на земјите од регионот“, изјави амбасадорот Аугерас. Евроамбасадорот Фуере повика на единство на сите делови од општеството при интеграција на земјава во унијата. „Патот до Европската Унија и преговорите мора да ги вклучи сите општествени чинители. Само на овој начин најдобро може да се изоди пристапниот пат до Европската Унија“, рече Фуере. Првиот европски појадок во Македонија се организираше во пресрет на 9-ти мај, ден на Европа. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

