Македонија
„Разбуди се“ повторно протестираа против проектот „Скопје 2014“
Активистите од НВО „Разбуди се“ денеска на Камениот мост во Скопје одржаа уште еден протест против проектот „Скопје 2014“.
Активистите од НВО „Разбуди се“ денеска на Камениот мост во Скопје одржаа уште еден протест против проектот „Скопје 2014“.
На протестот требаше да учествува и невладината организација „Плоштад Слобода“, меѓутоа тие се оградија од овој протест поради политичките искористувања на нивните намери.
Реакцијата на „Плоштад слобода“ дојде откако ВМРО-ДПМНЕ обвини дека зад најавените протести стои опозициската СДСМ.
„Ние младите од Скопје, Албанци и Македонци и сите граѓани на Скопје сме против градењето на ѕидови кој што го делат градот на два дела. Овие ѕидови ги делат етничките и верските заедници во градот и државата, притоа ризикувајќи го соживотот меѓу граѓаните.
Затоа се собравме тука денеска на Камениот мост кој што претставува симбол на соживот и толеранција меѓу заедниците и сите заедно во пет минути до 12 часот го рушиме ѕидот на симболичен начин како што се надеваме дека ќе го разрушиме проектот „Скопје 2014“, затоа што овој проект не е за доброто на Македонија“, изјави Беким Хоџа од НВО „Разбуди се“.
Во меѓувреме во просториите на политичката партија Нова Демократија повеќе експерти дебатираа за проектот кој ќе го измени изгледот на Скопје до 2014 година.
Претседателот на Нова Демократија Имер Селмани изјави дека ќе направат предлог проект, или решение за надополнување на проектот „Скопје 2014“ кој ќе ги има во предвид сите етнички и верски заедници и во Република Македонија и истиот ќе биде доставен до Собранието./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

