Свет
Идентификувано телото на Марија Качинска
Претходно беше соопштено дека идентификацијата на теолото на загинатиот полски претседател Лех Качински било унаказено до непрепознатливост, што тоа морало да се изврши со ДНК анализа
Потврда за идентификувањето на телото на Марија Качинска дал заменик директорот на претсеадателскиот кабианет на полска, Јацек Сасин. Според него, можно е уште утре попладне телото на Качинска да биде префрлено во Варшава.Марија Качинска, како што пренесува Риа Новости, најверојатно ќе биде погребана во Претседателската резиденција во Варшава до нејзиниот сопруг Лех, навестил Сасин. Изминативе два дена во Москва со специјални чартер летови пристигнува роднините на настраданите во несреќата кои ќе учествуваат во идентификацијата. Руските власти за овие лица привремено го укина визниот режим, а московскиот градоначалник обезбеди беспалтен престој во хотелите.Мртвото тело на претседателто Лех Качински беше идентификувано уште истата вечер од страна на неговиот брат близнак Јарослав на самото место на несреќата крај Смоленск уште истата вечер. Неговите останки беа префрлени во недела во Варшава, а погребот ќе се изврши најверојатно во сабота, што зависеше идентификацијаат на останките од неговата сопруга Марија Качинска. Руската министерка за здравство Татјана Голикова изјави дека идентификацијата на жртвите може да трае два до три дена, заради големите повреди до непрепознатливост на телата на жртвите. Исто така, руските и послките медиуми пренесоа дека и телото на Качинска било толку унакажено што се идентификувало со ДНК анализа. Авионот на полската влада „Тупољев 154“ се урна во саботата наутро на 1,5 киллометар од пистата на воениот аеродром во Смоленск. Како најверојатна причина за трагедијата се наведува густата магла и видливоста од само 400 метри, како и тврдоглавоста на послкиот пилот кој претходно бил опоменат за условите на летањео а се урнал кога во четвртиот обид да слета на пистата закачил во крошните на високите дрвја. Во несреќата загинаа сите 96 лица кои се наоѓаа во авионот, меѓу кои покрај претседателто Качински и неговата сопруга, животите ги изгубија и гоелм број нависоки државни и воени фунцкиоенри ОВааа делегација патуваше на комеморативната свеченост по повод 70-годишнината од сталинистичкиот масакр од 1940 г. во КАтинската шума 14 килоемтри оддалечена од Смоленск.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бројот на жртви во иранските протести се искачи на 466
Бројот на загинати во протестите во Иран се зголеми повеќе од двојно во последните часови, објави Ројтерс, повикувајќи се на американската новинска агенција на активисти за човекови права.
Во своето најново ажурирање, независната организација соопшти дека досега починале 466 лица – огромно зголемување во однос на претходната бројка од 203.
Групите за човекови права соопштуваат дека поради прекинот на комуникациите тешко може да се добие целосна документација, но дека бројот на загинати демонстранти постојано расте. Центарот за човекови права во Иран добил сигурни информации од сведоци дека стотици демонстранти биле убиени во последните денови.
Иранските власти уапсиле клучни членови на протестното движење што ја потресе земјата во последните две недели, изјави шефот на националната полиција.
„Минатата ноќ беа уапсени значајни лица од главните елементи на немирите, кои, ако Бог сака, ќе бидат казнети по правните процедури“, изјави шефот на полицијата, Ахмад-Реза Радан, за државната телевизија, без да прецизира колку лица се уапсени.
Иранскиот главен обвинител претходно кажа дека оние кои се фатени како протестираат или помагаат на демонстрантите може да бидат обвинети за „непријател на Бог“, што се казнува со смртна казна.
Протестното движење во Иран е најголемото незадоволство што земјата го доживеала во последните години. Иако првично предизвикано од нагло паѓање на вредноста на валутата, демонстрантите наскоро побараа политички реформи и пад на владата.
И покрај репресијата, протестите продолжија и вчера, а се очекувале нови демонстрации вечерва.
Свет
Трамп побарал да се изработи план за инвазија на Гренланд – воени команданти се спротивставиле
Американскиот претседател, Доналд Трамп, им нареди на американските воени команданти да изготват план за инвазија на Гренланд, но високи воени претставници се спротивставуваат на тоа, објави „Мејл он Сандеј“, повикувајќи се на извори.
Извори велат дека политичките „јастреби“ околу американскиот претседател, предводени од политичкиот советник Стивен Милер, се толку охрабрени од успехот на операцијата за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро што сакаат брзо да дејствуваат за да го заземат Гренланд, пред Русија или Кина да преземат потези во врска со арктичкиот остров.
Според извори, Трамп побарал од Заедничката команда за специјални операци да подготви план за инвазија на Гренланд, но командантите се спротивставуваат на тоа, тврдејќи дека тоа би било нелегално и дека Конгресот нема да поддржи таков план.
Свет
Стејт департментот им препорача на Американците во Венецуела веднаш да ја напуштат земјата
Стејт департментот им препорача на американските граѓани во Венецуела веднаш да ја напуштат земјата поради безбедносни ризици.
Стејт департментот објави и дека меѓународните летови од Венецуела се обновени и дека има извештаи за вооружени милитантни групи кои поставуваат блокади на патиштата и пребаруваат возила за докази за американско државјанство или поддршка за Соединетите Американски Држави.
– Безбедносната ситуација во Венецуела останува флуидна – се наведува во соопштението, објави Си-Би-Ес.
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес беа уапсени на почетокот на јануари во меѓународна операција предводена од САД и префрлени во притвор во Њујорк.

