Македонија
Анкета: Безбедноста во Македонија е влошена за мнозинството граѓани
Мнозинството граѓани на Македонија сметаат дека безбедноста во државата е влошена и очекуваат влошување на меѓуетничките односи
Мнозинството граѓани на Македонија сметаат дека безбедноста во државата е влошена и очекуваат влошување на меѓуетничките односи.
Ова го покажа анкетата на Институтот за социјална демократија „Прогрес“, кој работи во состав на НВО “Иницијативи за дијалог и соработка“, спроведена на крајот на мај годинава, на репрезентативен примерок од 1160 испитаници.
Безбедноста е многу влошена за 21,2 отсто од испитаниците, додека 44,6 проценти одговориле дека таа донекаде е влошена. Нема промени во безбедноста за речиси 30 отсто од испитаниците, а само 0,2 проценти сметаат дека безбедносна донекаде е подобрена.
За нарушувањето на безбедноста во државата за 38,9 отсто од испитаниците најодговорна е владата. Една третина од анкетираните не знаат кој е одговорен или немаат одговор, а за останатите тоа се Албанците, меѓународната заедница или некои други фактори.
Речиси 60 отсто од испитаниците сметаат дека меѓуетничките односи ќе се влошуваат, а само 7 проценти очекуваат нивно подобрување. Останатите сметаат дека меѓуетничките односи ќе останат исти или немаат одговор.
Дури 74,5 отсто од анкетираните сметаат дека проектот „Скопје 2014’ негативно се одразува на меѓуетничките односи, а за 17,3 проценти тој проект има позитивно влијание.
Испитаниците во анкетата со оценка од 1 до 10 ја оценуваа работата на владата. Најмногу испитаници – 24,7 отсто на владата и дале единица, средна оценка добила од 16,5 отсто, додека 10 проценти од анкетираните на Владата и дале најдобра оценка – 10, покажа анкетата на Институтот за социјална демократија „Прогрес“./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски со претседателот на републиканците ја следеше инаугирацијата во Вашингтон
Премиерот Христијан Мицкоски ја следеше инаугирацијата на Трамп заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли.
„Заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли во ВИП ложата во Вашингтон ги следиме инаугуративните активности на новиот американски претседател, Доналд Трамп“, објави Мицкоски на Фејсбук.
Премиерот денеска присуствуваше на балот во Вашингтон, кој се одржа пред назначувањето на новиот претседател на САД, Доналд Трамп, и на кој присуствуваа видни политички личности од повеќе земји од светот, како и познати бизнисмени.
Скопје
Нормализиран сообраќајот од средно Водно до св. Пантелејмон
Сообраќајот на патниот правец Р 2138 од средно Водно до св. Пантелејмон од 11.00ч. е нормализиран.
Регионалниот ЦУК (РЦУК) Скопје извести претходно дека од Општина Карпош вчера добиле информација дека патот меѓу Пантелејмон (Горно Нерези) и Средно Водно не беше безбеден за движење со моторни возило и апелираа истиот да не се користи поради голомразица.
Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштија од АМСМ.
Македонија
Мицкоски со Гренел: Се бориме за секој интерес на Македонија
За време на посетата на САД, во Вашингтон, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари повеќе активности и средби со истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот.
Тој се сретна и со Ричард Гренел, нов претседателски пратеник за специјални мисии и политика.
За средбата Мицкоски истакна:
„Разговаравме за актуелните случувања, за предизвиците со кои се соочуваме како држава и нашето остварување на стратешките интереси врзани со членството во Европската Унија. Воедно побарав поголемо ангажирање од нашите стратешки партнери на тој план, како и искористување на потенцијалите на економски план. Се бориме за секој интерес на државата.“, посочи Мицкоски.