Македонија
Јанкулоска : Бошковски не бил прислушуван

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска тврди дека лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски не бил прислушуван.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска тврди дека лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски не бил прислушуван.
„МВР во случајот „Кампања“ не употребило посебни истражни мерки од овој тип, не е применето следење на разговори на мобилната, сателитската и фиксната телефонија, немало прислушување во овој случај“ рече Јанкулоска на пратеничкото прашање за прислушувањето на Бошкоски, кое и го постави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
Според неа, МВР на пратениците им дале прецизен и детален одговор на прашањата.
„Јас навистина не знам што не му е јасно на Тито Петковски. Можеби единствена работа што не му е јасна, со оглед на тоа што тој има прецизен одговор, е како да дојде до центарот на вниманието во јавноста бидејќи според анкетите и истражувањата на јавното мислење очигледно е дека неговата партија е невидлива во јавноста и заради тоа тој е должен да одработува туѓа партиска агенда, односно да ја одработува агендата на Бранко Црвенковски“ рече Јанкулоска.
Комисијата за надзор на комуникациите вчера донесе заклучок, наместо да се формира работна група, цел состав да оди во МВР и да провери како бил следен Бошкоски.
Мнозинство во оваа комисија е од опозицијата, која вчера ги надгласа двајцата пратеници од власта, кои беа против. Петковски вчера рече дека веднаш ќе испрати барање до МВР за увид во документацијата за тоа како бил следен Љубе. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЦУК: Пет активни пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот на територијата на државата има вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои:
5 се активни, 3 под контрола, 12 се изгаснати
Активни пожари:
1. Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
2. Општина Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева)
3. Општина Македонски Брод 2 – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
4. Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и нискостеблеста вегетација)
5. Општина Ресен – с. Покрвеник – с. Перово – с. Асамати – с. Наколец (трски и сува трева)
Пожари под контрола
1. Општина Желино – с. Желино према Еребино – планина Жеден (нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација)
2. Општина Велес – кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума)
3. Општина Струга – помеѓу селата Октиси и Белица (сува трева)
Изгаснати пожари
1. Општина Студеничани – с. Студеничани (сува трева)
2. Општина Крушево – с. Селце (сува трева)
3. Општина Македонски Брод – с. Слатина, м.в. Стојанова Населба (смрека, сува трева и друга ниска вегетација)
4. Општина Пробиштип – с. Бунеш (сува трева)
5. Општина Виница – ул. Славчо Стојменски (сува трева)
6. Општина Куманово – Градиште (ниска шума)
7. Општина Липково – с. Слупчане (стрниште и сува трева)
8. Општина Ранковце – с. Псача, м.в. Гладно Поље (сува трева)
9. Општина Кратово 1 – с. Железница (стрниште и сува трева)
10. Општина Кратово 2 – м.в. Филтер Станица Кратово (стрниште и сува трева)
11. Општина Гостивар – Депонија (ѓубре)
12. Општина Маврово-Ростуше – с. Дуф (ливада)
Македонија
Топлотен бран ја зафаќа Македонија, температурите ќе надминат 40°C

Од утре Македонија ќе биде зафатена од нов топлотен бран.
Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, времето утре ќе биде претежно сончево и исклучително топло, со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Утринските температури ќе се движат околу 10°C, додека дневниот максимум ќе достигне и до високи 40°C.
Во вторник, жештината ќе продолжи со иста интензивност – сончево време без врнежи, со минимални температури од 12°C и максимални до 41°C.
Среда носи слична слика – стабилно, сончево и жешко, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринските температури ќе се бидат околу 11°C, а дневните ќе се искачуваат до 40°C.
Во четврток, се очекува живата во термометарот повторно да се искачи до максимални 41°C, што ќе биде четврти последователен ден со температури над 40 степени.
Министерството за здравство потсетува за почитување на општите препораки за заштита на населението од високи температури:
– Престојувајте во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11 до 17 часот;
– Внесувајте доволно течности избегнувајќи алкохол и засладени пијалаци;
– Носете лесна, светла облека и користете заштита за главата и за очите;
– Избегнувајте физичка активност во најтоплите часови од денот;
– Посветете внимание на децата, на старите лица, на лицата со хронични заболувања и на бремените жени – овие групи се особено чувствителни на високи температури;
– Во случај на симптоми, како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс, веднаш побарајте медицинска помош;
– Одложете активности на отворено во најтоплиот дел од денот;
– Обезбедете микроклиматски услови (разладени простории со температура до 25°C) на работното место и во домот.
Македонија
ЦУК: Седум активни пожари низ Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека денеска се регистрирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои 7 се активни, 2 се под контрола, а 6 се целосно изгаснати.
Активни пожари:
1. Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
2. Општина Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева)
3. Општина Македонски Брод 2 (реактивиран) – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
4. Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и нискостеблеста вегетација)
5. Општина Струга – помеѓу селата Октиси и Белица (сува трева)
6. Општина Ресен – с. Покрвеник (трски и сува трева)
7. Општина Маврово-Ростуше – с. Дуф (ливада)
Под контрола:
1. Општина Желино – с. Желино према Еребино – планина Жеден (нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација)
2. Општина Велес – кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума)
Изгаснати се пожарите во: Студеничани, Крушево, Македонски Брод, Куманово, Липково и Ранковце.