Македонија
Наградата „Бисери на мудроста“ предадена на Собранието на РМ
Наградата „Бисери на мудроста“ од европската асоцијација за цирикален канцер ЕЦА, признание за напредокот и обврска за иднината денеска му беше предадена на Претседателот на собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски.
Наградата „Бисери на мудроста“ од европската асоцијација за цирикален канцер ЕЦА, признание за напредокот и обврска за иднината денеска му беше предадена на Претседателот на собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски.
Претседателот на собраниската комисија за еднакви можности на мажите и жените, пратеничката Лилјана Поповска наградата му ја предаде на Претседателот на Собранието и појасни дека просториите на Собранието на Република Македонија се најсоодветно место да се смести ова големо признание.
Тој истакна дека за оваа награда придонела работата на собраниската комисија за еднакви можности и нормално невладиниот сектор, кој прво ги идентификува проблемите и лобира за нивно решавање преку законите.
„Кога станува збор за закони кои се однесуваат на превенцијата на здравјето на граѓаните што ја покажува одговорноста на сите парламентарни групи се надевам на целосна соработка меѓу пратениците“, рече Вељаноски.
Тој увери дека ќе ја поддржува секоја иницијатива која е во функција на поефикасна борба со оваа болест, без разлика дали станува збор за измена или дополнување на законите, за јавна расправа или било која друга форма која е својствена на парламентаризмот“, додавајќи дека е уверен дека поддршката ќе биде и од сите 120 пратеници.
За Наградата „Бисери на мудроста“ заслужни се комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Министерство за здравство,организација на жените од Свети Николе, Центар за регионални истражувања „Студиорум“ и Македонското женско лоби./краj/бд/.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

