Свет
Асанж се соочува со егзекуција или затвор во Гвантанамо?

Џулијан Асанж, основачот на WikiLeaks, се соочува со „реален ризик“ за добивање смртна казна или затвор во Гвантанамо, ако биде екстрадиран во Шведска поради обвиненијата за силување, тврдат неговите адвокати, пишува Guardian
Тимот адвокати на Џуклиан Асанж, како столб на нивната одбрана против Шведското јавно обвинителство, ја поставуваат тезата дека доколку Асанж биде екстрадиран во Шведска, најверојатно САД веднаш ќе побараат негова екстрадиција, „каде тој ќе биде во реален ризик да биде испратен во озлогласениот затвор во Гвантанамо или на друго место“.„Доколку Асанж биде предаден на САД, без гаранција дека смртната казна нема да биде извршена, постои реален ризик тој да стане предмет на смртна казна. Добро познато е дека повеќе проминентни фигури се изјаснија дека Асанж треба да биде погубен“, се вели во настапот на одбраната претставен на 35 страници кој беше објавен од Марк Стивенс, адвокатот на Асанж.Асанж вчера пред судницата за новинарите даде кратка изјава дека работата на Викиликс продолжува и дека ќе следат тајни документи за Cablegate како и други материјали.„Овие материјали наскоро ќе бидат достапни преку нашите партнери низ светот- малите и големи весници како и организациите за човекови права“, рече Асанж.Адвокатскиот тим на Асанж ќе го презентира својот случај на 7-ми и 8-ми февруари, и тој се состои од седум „поенти“ со кои адвокатите ќе се борат да ја спречат неговата екстрадиција од Лондон во Шведска.Xулијан Асанж е обвинет за „сексуален криминал“ од две жени, поради несоодветно користење на презерватив, што се смета за силување и сексуален напад, само во чувствителниот закон во Шведска. .
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Во Албанија активни се 14 пожари, горат големи површини

Албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу потврди дека во земјата 14 пожари се уште се активни и зафаќаат големи површини.
Во објава на социјалните мрежи, наведува дека во гаснењето на неколкуте големи пожар на југот на земјата, освен противпожарни единици, армиски, полициски сили и доброволци, вклучени се и хрватски и шведски авион „Канадер“.
Венгу додава дека се очекува пристигнување на два хеликоптери од воздухопловните сили на Обединетите Арапски Емирати, уште еден „Канадер“ од Грција и два хеликоптери од европскиот механизам од Чешка и Словачка.
Свет
Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа, предупредува Советот за безбедност на ОН

Спроведувањето на израелскиот план за преземање контрола врз градот Газа на истоимената палестинска територија, каде што Израел војува речиси две години, се заканува да предизвика нова катастрофа што би се почувствувала во целиот регион, предупреди денеска високиот функционер на ОН Мирослав Јенча.
Јенча, заменик-генерален секретар на ОН за Европа, Централна Азија и Америка, на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН во врска со овој план изјави дека во Појасот Газа се одвива хуманитарна катастрофа од големи размери.
Тој рече дека преземањето контрола врз градот Газа може да предизвика нова катастрофа во целиот Појас, предизвикувајќи понатамошно присилно внатрешно раселување и убивање цивили.
Израелскиот план беше остро осуден од претставникот на Словенија во Советот за безбедност и поранешниот министер за надворешни работи, Самуел Жбогар.
Во говорот во име на Данска, Грција, Франција и Словенија, тој рече дека секој обид за анексија, проширување на воените операции и кршење на меѓународното право дополнително ќе ги изложи на опасност сите цивили во Газа, вклучувајќи ги и преостанатите Израелци, заложници на милитантното исламистичко движење Хамас.
Свет
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени е регистриран денеска во западна Турција во регионот Баликесир, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи на Република Турција (АФАД).
Земјотресот е почувствуван и во Истанбул и низ целиот регион на Мармара и Егејот.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 11 километри, на 52 километри од градот Баликесир.