Свет
Сомалиските пирати добија девет милиони долари откуп
Рекорден откуп од девет милиони долари е исплатен денеска во замена за ослободување на товарниот брод „Голден блесинг“ што пловел под знамето на Сингапур, како и за 19 морнари заробени во јуни во водите на Сомалија, а истовремено ослободија и јужнокорејски брод
„Бродот е ослободен денеска по исплатата на девет милиони долари на моите колеги“, потврдил пиратот Абди Јаре, Agence France Presse.Кинеското Министерство за сообраќај претходно најави ослободување на бродот, без да прецизира детали како ќе биде тоа изведено.Сомалиските пирати во саботата го ослободија и јужнокорејскиот нафтен танкер „Самхо дрим“ којшто го заробија пред седум месеци, јави јужнокорејската новинска агенција Yonhap. Бродот отпловил а САД, а екипажот е безбеден и здрав, се вели во извештајот, но не се наведува дали за ослободувањето е платен и колкав откуп.Претставникот на министерството за надворешни работи на Јужна Кореја изјавил за агенцијата дека информациите за безбедноста на морнарите се уште не се потврдени, иако за ослободување на пловилото било очекувано.Бродот „Самхо дрим“ кој патувал од Ирак за САД беше нападната во крајбрежните води на Источна Африка на 4-ти април годинава. Од 24-члениот екипаж пет се Јужнокорејци и 19 Филипинци.Танкерот инаку превезувал сурова нафта во вредност од 160 милиони долари.Сомалија се’ уште не може да се справи со проблемот на пиратеријата, бидејќи во 1991 г. се распадна како единствена држава во 1991 година, со падот на диктаторскиот режим на Сиад Баре, кој владееше од крајот на 1960-тите. Во моментов, како единствен легитимен орган во земјата меѓународната заедница ја признава Федералната влада на Сомалија, но таа успева да контролира само дел од главниот град Могадишу.Другите делови од Сомалија се под контрола на непризнати групации или се самоуправувани од локални водачи кои имаат спротивставени ставови за обединување под власт на Могадишу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

